fbpx
Таг: апсење

таг: апсење

Јанева: Се надеваме на брза екстрадициска постапка

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, се надева дека екстрадициската постапка за обвинетите Горан Грујовски и Никола Бошковски ќе заврши побргу и дека судењето ќе почне наскоро. - Информирани сме од МВР дека двете обвинети лица се приведени во Солун. Други информации немаме, а и во понатамошниот дел од постапката ние немаме никаква надлежност. Се надеваме дека екстрадициската постапка ќе заврши...

Уапсените за нападот врз Села што беа препознаени од граѓани, добија 30 дена притвор

Судија на претходна постапка определил 30-дневен притвор за тројцата осомничени за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април годинава, откако тие беа препознаени со помош на граѓани по објавување на нивните фотографии. Притвор во траење од 30 дена беше определен и за петтото лице што беше претходно лишено од слобода за истиот настан и за кое одлуката...

Грујовски и Бошковски упасени во Солун

Поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и Никола Бошковски, вработен во УБК, вечерва се уапсени во Солун. „Мета“ дознава дека грчката полицијата постапила по меѓународната потерница која е распишана од македонските власти и по лоцирањето, ги привела. Од МВР сè уште не ја потврдуваат официјално оваа информација и рекоа дека дополнително ќе известат. Министерството за внатрешни работи на 30 јули ги...

Во Перу запленети 1.300 килограми дрога и уапсени 17 лица

Полицијата во Перу запленила 1.3оо килограми кокаин во контејнер во пристаниште во близина на Лима и уапсила 17 лица. Групата криумчари ја предводел Мексиканец, а била финансирана од Бразилец, соопшти полицијата и додаде дека дрогата ја пронашле обучени кучиња. Дрогата требало да биде префрлена во Мексико и оттаму во САД со помош на мексиканскиот нарко-картел Синалоа, соопштија властите во Перу. Апсењата истовремено...

Со помош од граѓаните уапсени се тројцата насилници од 27 април

По објавувањето на фотографиите на интернет-страницата на МВР, трите лица што беа барани поради учество во насилствата во Собранието од 27 април, се уапсени, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија. „Јавното обвинителство на Република Македонија изразува благодарност до сите совесни граѓани, со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени. По наредба на јавното обвинителство, трите лица се лишени...

Турција наложи апсење на 25 војници

Турската влада издаде налози за апсење 25 војници во земјата, но и во северниот дел на Кипар, населен со кипарски Турци, соопштија безбедносните сили. Операцијата е дел од острите мерки што Анкара ги презеде по минатогодишниот обид за пуч. Властите трагаат по војници, кои се на активна должност на различни позиции во турската војска, во 13 провинции и во Северен Кипар, соопшти...

Во Швајцарија уапсени двајца Тунижани за поврзаност со тероризам

Полицијата во јужниот дел на Швајцарија уапсила двајца баратели на азил од Тунис, под сомневање дека се поврзани со странски екстремисти. Како што се наведува во соопштението на швајцарската сојузна полиција, апсењето на Тунижаните било извршено пред два дена во гратче во близина на Италија. Тие се уапсени поради потенцијална опасност по безбедноста и се поврзани со терористички активности во...

Во Истанбул уапсен вработен во конзулатот на САД

Турската полиција уапсила еден вработен во американскиот конзулат во Истанбул порани наводна поврзаност со имамот Фетулах Ѓулен, кого официјална Анкара го смета за главен организатор на неуспешниот удар. Турскиот државјанин, идентификуван како М.Т., е уапсен синоќа поради наводна шпионажа и обид да се уништи уставниот поредок и владата во Турција. Тој е осомничен за врски со поранешниот јавен обвинител и...

Ново апсење поради нападот во лондонското метро

Двајца мажи се уапсени во Велс под сомневање дека се вмешани во минатонеделниот напад во лондонското метро, кога беа повредени 30 лица. Досега се уапсени вкупно пет лица, соопшти британската полиција. Двајца мажи на возраст од 48 и 30 години се уапсени во Њупорт и во Велс на основа на законот за тероризам. За време на викендот уапсени беа двајца мажи, еден...

Уапсени албански државјанки во ноќен клуб во Тетово

Синоќа полицијата привела четири албански и пет македонски државјани при акција спроведена во угостителскиот објект „Баци“ во Боговиње. МВР информира дека во објектот имало три албански државјанки на возраст од 26 до 41 година, кои биле вработени како пејачки и танчерки, како и еден маж од Албанија. Тие биле приведени и задржани во полициската станица во Тетово, по што биле предадени...

Мајка и ќерка нападнале полицајци

Полицијата синоќа уапсила мајка и ќерка кои физички нападнале полициски службеници пред амбасадата на БиХ во Скопје. Шеесет и петгодишната Љ.А. и нејзината 42-годишна ќерка К.А. (42) синоќа околу 21:30 часот најпрво вербално, а потоа и физички нападнале двајца полициски службеници кои им укажале дека го паркирале нивното возило „Мерцедес“ на забрането место. Како што соопштија од МВР, мајката и ќерката...

Турција нареди апсење на 70 поранешни административци

Властите во Турција денеска објавија налози за апсење 70 поранешни работници на Министерството за финансии поради наводната вмешаност во минатогодишниот обид за пуч, јави „Си-ен-ен Турк“. Турција го обвини имамот Фетулах Ѓулен, кој е во егзил во САД, дека го оркестрирал обидот за воен удар. Тој ги демантира ваквите тврдења. Властите по неуспешниот пуч сменија или суспендираа околу 150.000 лица во...

Во Турција уапсени 42 лица поради поврзаност со ИД

Во полициска акција во две провинции на Турција се уапсени 42 лица за кои постои сомневање дека се поврзани со милитантите. Операцијата е изведена во источната провинција Елазиг и во јужната провинција Адана. Според информациите од безбедносните извори, полицијата уапсила 22 лица во Елазиг, за кои се сомнева дека се припадници на Исламска држава. Во одвоена акција, полицијата уапсила уште 20 лица во...

Турција издала налог за апсење на 35 новинари

Турските власти денеска издадоа налог за апсење на 35 новинари и други медиумски работници поради сомневање дека се поврзани со имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД. Осомничените, наводно, користеле апликации за праќање кодирани пораки кои власта ги смета за средство за комуникација на приврзаниците на Ѓулен. Полицијата во моментов спроведува акции за апсење во Истанбул. Анкара го обвинува...

Уапсен напаѓачот од Париз

Француските власти денеска соопштија дека полицијата го уапсила лицето кое со возило прегази и повреди војници во париското предградие Левалоа-Пере. Како што јавуваат француските медиуми, напаѓачот, чиј идентитет и националност засега не се откриваат, е ранет за време на престрелката што се случила при неговото апсење. Апсењето се случило на автопатот A-16, на северот на Франција, но полицијата засега не открива...

Уапсени двајца Срби во Грција за кражба на луксузни возила

Грчката полиција уапсила двајца државјани на Србија осомничени за кражба на неколку луксузни автомобили на Халкидики. Уапсени се 24-годишна девојка и 33-годишно момче за кои се наведува дека биле јадрото на групата која секојпат крадела автомобили во различен состав. Украдените возила биле криени во куќа која привремено ја изнајмиле на Халкидики. Во соопштението на полицијата се наведува дека осомничените од 13 јули...

Срби и Руси уапсени на Косово за илегално минување на границата

Полицијата на Косово уапсила 11 лица, од кои пет се државјани на Србија, а шест на Русија, поради неовластено преминување на граничната линија. Лицата се уапсени во близина на Подујево, по добиени информации дека планираат илегално да влезат на Косово. Граничната полиција презела мерки и ангажирале патроли, кои околу 13.45 часот во близина на границата запреле две возила со српски регистарски таблички, во кои имало 11...

Во Шпанија уапсен турски новинар и писател

Шпанската полиција во Барселона го уапсила турскиот новинар и писател Хамза Јалчин, кој има шведско државјанство. Јалчин е уапсен врз основа на меѓународна потерница која за него ја распиша Турција за наводен тероризам. Портпаролот на полицијата, Хозе Антонио Нин, изјави дека Јалчин е уапсен на 3 август на аеродромот во Барселона и оти е во притвор до рочиштето на кое треба...

Хелсиншки комитет бара одговорност за приведувањето на активистите

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска се огласи со осуда за задржувањето на четворицата граѓански активисти од страна на припадниците на полицијата за време на одржувањето на презентацијата на воена опрема на војската на САД и на АРМ во саботата, на 29 јули 2017 година, во центарот на Скопје. Од организацијата велат дека побарале одговорност за сторителите на присилното приведување. „Хелсиншкиот...

Приведени четворица припадници на Левица поради протест

Полицијата приведе четворица членови на партијата Левица кои вчера протестираа на плоштадот во Скопје додека се одржуваше презентација на воената опрема на САД и на АРМ. Приведените демонстрантите, кои носеа транспарент на кој пишуваше: „Против војната за профити!“, веднаш биле пуштени од полиција. Гоце Марковски од Левица, кој беше еден од приведените, соопшти дека полицијата насилно ги привела. Министерот за внатрешни работи,...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...