fbpx

Со помош од граѓаните уапсени се тројцата насилници од 27 април

-

По објавувањето на фотографиите на интернет-страницата на МВР, трите лица што беа барани поради учество во насилствата во Собранието од 27 април, се уапсени, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

„Јавното обвинителство на Република Македонија изразува благодарност до сите совесни граѓани, со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени. По наредба на јавното обвинителство, трите лица се лишени од слобода“, стои во соопштението.

Станува збор за лица кои се инволвирани во кривично-правниот настан во Собранието на Република Македонија. Фотографиите и повикот до граѓаните за нивно препознавање беа објавени во согласност со член 277 од Законот за кривична постапка, по претходно дадено одобрение од Основното јавно обвинителство Скопје и во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Синоќа по наредба на обвинителството беа уапсени пет лица поради учество во насилствата од 27 април и за обидот за убиство на пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...