fbpx

Јанева: Се надеваме на брза екстрадициска постапка

-

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, се надева дека екстрадициската постапка за обвинетите Горан Грујовски и Никола Бошковски ќе заврши побргу и дека судењето ќе почне наскоро.

– Информирани сме од МВР дека двете обвинети лица се приведени во Солун. Други информации немаме, а и во понатамошниот дел од постапката ние немаме никаква надлежност. Се надеваме дека екстрадициската постапка ќе заврши што побргу, дека од грчки притвор ќе бидат префрлени во Македонија и дека судењето ќе почне наскоро – изјави Јанева за „Дојче веле“.

Бошковски и Грујовски вчера на аеродромот „Македонија“ во Солун биле уапсени од грчката полиција, кога со фалсификувани бугарски пасоши се обиделе да заминат од Грција. Тие веќе три месеци се во бегство за да ја избегнат мерката притвор што им беше одредена откако СЈО поднесе обвиненија за предметите „Тврдина“ и „Таргет“, заради незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР, како и за физичко уништување на дел од таа опрема. Бидејќи се приведени во странство, сега правната одбрана мора да ја обезбедат таму.

Во просек, екстрадициската постапка трае од три до шест месеци и зависи со каква брзина Министерството за правда ќе го испрати преведен материјалот од обвинителните акти за кои двајцата се товарат пред Кривичниот суд. Врз основа на тие докази, грчките власти треба да одлучат дали ќе ги екстрадираат приведените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...