fbpx

Во Турција уапсени 283 лица, осомничени дека се членови на ИД

-

Турската полиција уапсила 283 лица, кои се осомничени дека се членови на Исламска држава, соопштија денеска турските власти.

Апсењата, како што се наведува, се извршени во последните 10 дена, во 25 турски провинции.

За време на акцијата, полицијата запленила 66 импровизирани експлозивни направи.

Меѓу уапсените, 96 се државјани на Турција, додека 187 се страници, но не се прецизира чии државјани се.

Исламска држава се смета за одговорна за неколку напади во Турција, во кои од 2015 година па досега загинаа повеќе од 300 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...