fbpx

Во Пакистан издаден налог за апсење на поранешниот премиер

-

Пакистанскиот суд издаде налог за апсење на поранешниот премиер Наваз Шариф, под сомневање дека учествувал во два случаи на корупција.

– Судот денеска издаде налог за апсење на поранешниот премиер за два случаи на корупција и ја одложи расправата за 3 ноември – изјави еден од адвокатите на поранешниот премиер, Зафир Хан.

Шариф во моментов се наоѓа во Лондон со својата сопруга Калсум, која таму се лекува од карцином.
Поранешниот пакистански премиер е обвинет за корупција врз основа на информации објавени во таканаречените „Панама пејперс“.

Пред антикорупцискиот суд во Пакистан, освен 67-годишниот Шариф, обвинети се и неговата ќерка Маријам и зетот Мохамед Софдар, кои ги негираат обвиненијата како неосновани.

Врховниот суд на Пакистан го дисквалификува и го смени Шариф од премиерската функција во јули, откако во „Панама пејперс“ беше откриено дека неговото семејство поседува имот во странство, кој не го пријавил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...