fbpx
Таг: апсење

таг: апсење

Пратеник на српската СНС: Бегството на Груевски е најдоброто решение

Бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од земјата е најдоброто решение, оти со тоа „американскиот пион Зоран Заев на подолго време загуби адекватен противник на политичката сцена, а Груевски не лежи робија за глупост, порачува во колумна објавена во вчерашниот број на српскиот весник „Блиц“ парламентарецот и функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС), Владимир Ѓукановиќ. Во колумната во...

Со сведочење на Љубе Бошкоски, денеска продолжува судењето за „Тортура“

Судењето за предметот „Тортура“ на СЈО продолжува денеска со сведочење на оштетениот Љубе Бошкоски. Во воведните зборови, обвинителот Љубомир Лапе денеска рече дека СЈО ќе докаже дека по основ на политичка определба првообвинетиот Сашо Мијалков ги навел останатите обвинетите при апсењето на Бошкоски тој душевно да страда, а сето тоа поради политичка одмазда за упатени пораки за време на изборна кампања. Според...

Пентагон ја поздрави репатриацијата на 7 македонски борци од ИСИС

Пентагон ја поздрави одлуката на Македонија да ја прифати групата нејзини државјани, кои како странски платеници се заробени во Сирија. МВР вчера соопшти во заедничка акција со Командата на Глобалната антитерористичка коалиција и Сириските Демократски Сили приведе седуммина македонски државјани, кои се бореле на боиштата во Сирија и Ирак. Портпаролот на Пентагон, Шон Робертсон, за Си-Ен-Ен изјави дека Сириските Демократски...

Приведен градоначалникот на Ново Село поради шверц со цигари

Приведен е градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев, кој се сомничи за шверц со цигари. Стојчев бил приведен синоќа додека бил заедно со неговата сопруга, синот и уште еден соучесник. За време на полициската акција имало и вооружена престрелка. Приведувањето го потврдија од СВР Струмица со соопштение во кое се наведува дека синоќа во близина на село Бадилен, од...

Мијалков и во „Тортура“ се повика на амнестијата од Иванов

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, првообвинет во предметот на СЈО „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски, како и останатите пет обвинети полициски „алфи“, се повикаа денеска на амнестијата што им ја даде претседателот Ѓорге Иванов. Со амнестијата не е опфатен само обвинетиот Јован Боцевски, кого Иванов не го ставил списокот за спасување на осомничени за криминал од тогашната владејачка...

Димитров му се извинил на Ел Масри за незаконското апсење

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров се извини за несоодветното однесување на властите во случајот на Калид Ел Масри, кој во 2004 година незаконски беше уапсен во Македонија, и неправедно задржан и испрашуван, објави Гласот на Америка. Во писмо испратено до Ел Масри, Димитров изразил „длабоко извинување и искрено жалење“ за несоодветното однесување на властите, како резултат на што претрпел...

Давидовиќ: Повторното апсење на обвинетите од 27 април е непочитување на Врховниот суд

Основниот суд се прави попаметен од Врховниот кога е во прашање повторениот притвор за дел од учесниците во насилниот упад во Собранието, смета адвокатот на еден од обвинетите Ѕвонко Давидовиќ. Според него, Обвинителството е привилегирано во постапката, бидејќи додека бранителите спијат, судот преку ноќ, во црни темници заседава и носи нови решенија и не остава можност за одбрана на...

Пуџдемон денеска пред суд, нови протести во Каталонија

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон денеска треба да се појави пред суд во Германија по неговото апсењето викендов, јавуваат светските медиуми. На денешното рочиште само ќе се утврди неговиот идентитет, а потоа ќе биде отворена процедура за испорачување, која може да потрае и до два месеци. Пуџдемон во неделата беше уапсен откако се обиде од Данска да влезе во Германија. Шпанските...

Уапсени близнаци кои планирале бомбашки напад во Њујорк

Браќа близнаци се уапсени во нивниот стан во њујоршкиот квартот Бронкс со повеќе од десет килограми материјал за составување бомба во текот на претрес од страна на припадниците на Федералното биро за истраги и њујоршката полиција. Дваесет и седумгодишните Кристијан и Тајлер Торо се уапсен со материјалот, од кој дел потекнува од производи за огномет за деца, изјави заменикот началник...

Во Турција уапсени 29 лица кои подготвувале напади за Нова година

Полицијата во Анкара привела 29 осомничени припадници на Исламска држава кои подготвувале напади за Нова година. Како што пренесуваат турските медиуми, во симултаните рации учествувале околу 500 полицајци, а многу од приведените се странски државјани. Полицијата има налози за приведување на уште 17 осомничени. Во материјалот, кој полицијата го запленила има документи кои укажуваат на тоа дека некои од осомничените надгледувале...

Во Турција уапсени 38 осомничени припадници на ИД

Турската полиција уапсила 38 лица, меѓу кои има и државјани на Сирија, поради сомнение дека се поврзани со Исламска држава. Операцијата на североистокот на земјата, бо провинцијата Бурса ја спровела полициската единица за борба против корупцијата, а претресени се куќи на повеќе локации во пробинцијата. Припадниците на ИД извршија повеќе напади во Турција, а изминатите години многу странци минаа низ Турција...

Уапсени тројца турски туристи во Ерусалим

Израелската полиција соопшти дека уапсила тројца туристи од Турција после молитвата вчера попладне во Стариот град во Ерусалим. Полицијата соопшти дека тројцата Турци се уапсени поради вмешаност во инцидент со полицијата на Харам ал-Шариф. Турската новинска агенција „Анадолија“ јави дека двајца од тројцата уапсени имаат двојно турско и белгиско државјанство и дека се уапсени поради напад и пружање отпор на полицијата,...

Уапсени шест лица во БиХ поради воени злосторства

Полициски службеници на државната агенција за истраги и заштита (СИПА), постапувајќи по наредба на обвинителството на Босна и Херцеговина, утрово на подрачјето на општините Какањ и Илијаш уапсиле шест лица осомничени за воени злосторства, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Шесте лица, како што се наведува во соопштението на СИПА, се уапсени поради основано сомнение дека ги извршиле кривичните...

Кумановец уапсен на аеродромот „Александар Велики“

Вчера во 20.00 часот на раничен премин aеродром „Александар Велики“-Скопје, од Холандија преку Истанбул со реадмисија допатувал 21- годишниот С.М од Куманово. По извршена проверка, било констатирано дека лицето се наоѓа на листата со мерка „АПСИ“. Лицето било лишено од слобода и во 23 часот и 15 минути , со потврда за предавање на лице, било предадено на полициски службеници...

Уапсени 400 лица во Нигерија поврзани со Боко харам

Најмалку 400 лице се уапсени во рамки на двонеделната безбедносна акција на островите на езерото Чад во поради поврзаност со екстремистичката група Боко харам, соопшти нигериската армија. Од уапсените, 167 се борци на Боко харам, 67 се жени, а 173 деца. Жените и децата по истрагата, како што соопшти армијата, ќе бидат упатени во кампови за раселени лица. Ова е...

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе блокира раскрсници и ќе протестира пред Министерството за правда

ВМРО-ДПМНЕ денеска во периодот од 15 до 17 часот во Скопје ќе ги блокира раскрсниците кај „Мавровка“, помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Влае и крстосницата „Рампа“ во Кисела Вода. Протестот против притворањето на триесетина лица поради насилствата во Собранието од 27 април е закажан во 18 часот пред Министерството за правда. „ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците се додека...

Уапсени 23 странци во Истанбул кои планирале голем напад

Во голема операција на антитерористичките единици денеска во најголемиот турски град Истанбул се уапсени 23 странски државјани, под сомнение дека се припадници на терористичката Исламска држава и дека подготвувале голем напад. При претресите биле запленети голем број на документи на ИД и дигитални материјали.

Малтешката полиција уапси 8 лица осомничени за убиството на новинарката Галиција

Полицијата на Малта уапси осум лица осомничени за поврзаност со убиството на новинарката Дафне Каруане Галиција, која ја откри аферата „Панама пејперс“. Веста за апсењето ја објави премиерот на Малта, Џозеф Мускат, речиси два месеци откако познатата новинарска настрада во експлозија на бомба подметната под нејзиниот автомобил. Сите осум уапсени лица се Малтежани и повеќето имаат дебело криминално досие. Засега не се...

Британска амбасада: Насилствата од 27 април мора да се истражат и да имаат судска разврска

Британската амбасада во Македонија оцени дека насилствата во Собранието од 27 април годинава мора да се истражат и да имаат судска разврска. - Настаните во Парламентот на 27 април беа насилни и заслужуваат детална истрага, со последователни постапки низ судски процеси доколку е потребно. Важно е да се почитуваат институционалните процедури и соодветните правни постапки со максимална транспарентност за да биде...

Чавков, Дурловски, Илиевски добија притвор од 30 дена, шест лица добија куќен притвор

Основниот суд Скопје 1 денеска преку соопштение информираше дека за насилствата во Собранието на 27 април годинава, по барање на ОЈО за организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка на 13 лица им определил притвор во траење од 30 дена, додека на шест лица им е определен куќен притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и им определи...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...