fbpx

Заев и Груевски на итна средба кај Иванов

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ноќеска во својот кабинетн одржа итна средба со премиерот Зоран Заев и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тема на разговор, како што соопштија од кабинетот на претседателот, биле актуелните случувања и можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата.

„Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија. Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина“, соопштија од кабинетот на Иванов.

Средбата доаѓа откако МВР, по наредба на Основното јавно обвинителство, вчера приведе 36 лица за насилствата во Собранието од 27 април. Сите 36 лица се товарат за загрозување на уставниот поредок и на безбедноста. Полицијата денеска приведе 24 лица, меѓу кои и пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Љупчо Димовски, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, како и дел од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Владо Јовановски, Борис Дамовски, Игор Дурловски и Богдан Илиевски. По 12 лица, за кои е издаден налог, сè уште се трага.

Обвинителството побара судот да им одреди мерка притвор на 36 приведени. Досега 30-дневен притвор добија Чавков, Дурловски, Јовановски и Пепиќ, додека пратениците Жаклина Пешевска и Крсто Мукоски добија домашен притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...