fbpx
Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Заев: „Стоп за дезинформациите“ еден од 10-те приоритети на кои ќе се работи во 2021 година

Премиерот Зоран Заев денеска информираше дека меѓу десетте приоритети од владината „Акција 21 – за европски стандарди дома”, на кои владата ќе работи следната година е спротивставувањето на дезинформациите и спречување на штетите кои ги нанесуваат лажните вести. Во рамките на приоритетот „Стоп на дезинформациите“, Заев најави засилени активности во периодот што следи, вклучувајќи широки консултации со медиумските работници и...

Вистиномер: Само Захариева гледа равенство меѓу Тито и Хитлер!

Историските факти говорат дека Јосип Броз Тито бил организатор и го предводел партизанското движење во Југославија од 1941 година до крајот на Втората светска војна. Несомнено дека неговото владеење беше недемократско, имаше слабости и може да се критикува, но сосема е бесмислено тој да се споредува со Хитлер. И, доколку Тито навистина бил најмрачниот диктатор и убил толку многу...

Вистиномер: Нема доказ, ниту индиции, дека новите вакцини против ковид-19 можат да менуваат генетска структура на човек

Покрај антиваксерите, и експерт за заразни болести изнесува тврдење дека со новите вакцини на Фајзер и Модерна ќе се интервенирало во човековата генетска структура. Но, десетина други професори од други универзитети таквото тврдење веќе го имаат демантирано, наведувајќи дека mRNA вакцините не можат да влијаат врз ДНК, главниот носител на информациите во човечката генетска структура, пишува Вистиномер.мк Пост објава на...

Нема докази дека вакцината против Ковид-19 предизвикува стерилитет, хомосексуалност и дека ќе ја погуби популацијата

Помина една година откако светот почна да се бори со пандемијата на КОВИД-19, а истовремено и со „инфодемијата“, која понекогаш се чини дека се шири побрзо од вирусот. Дезинформациите и непроверените информации, во текот на целата оваа криза, се развиваат во зависност од тоа како се одвиваат настаните со пандемијата. Додека фармацевтските компании „Фајзер“ и „Модерна“ гарантираат ефикасност на...

Вистиномер: Какофонија од невистини – СЗО не забранила обдукции за починати од Ковид-19

Уште еден во низата конспирациски постови на Фејсбук, меша неколку неповрзани и невистинити фактички неиздржани, неаргументирани и непостоечки состојби, за да ги доведе во корелација со пандемијата со ковид-19 и со симптомите што оваа непредвидлива болест ги предизвикува. Меѓутоа, ковид-19 нема никаква врска со некакво запрашување со отрови и тешки метали од авиони, трагите од авионите кои се гледаат...

Дискусија на „Истиномер“: Борбата за вистината е тешка, но мора да се истрае

Пандемијата на ковид-19, освен што донесе нови големи проблеми за човештвото, донесе нов огромен предизвик за проверувачите на факти, со изобилството дезинформации за новиот корона вирус и болеста што ја предизвикува: ковид-19. Потребата на граѓаните, посебно во некои балкански земји, да ги добијат вистинските информации, беше занемарена од страна на оние кои беа должни да ги изнесат, односно властите. Сепак,...

Заев: Лажните вести шират омраза, очекувам похрабри чекори од ЗНМ

Премиерот Зоран Заев очекува похрабри чекори од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во борбата против лажните вести и нивното пласирање во медиумите, бидејќи тие не само што шират омраза, уништуваат чест и достоинство на поединци, туку им штетат и на интересите на државата, уривајќи ги и попречувајќи ги нејзините стратегии. „Од она што го добивам како анализи и од...

Вистиномер: Вакцината на „Бионтек“ не е сатанистичка, оваа компанија и претходно била добростоечка

Пандемијата со коронавирусот не е лажна, во неа животот го загубија 1.58 милиони луѓе. Сопственикот на БионТек, доктор Угур Сахин, уште во 2016 година со својата сопруга, ја продале нивната фирма „Ганимед Фармасутикалс“ за 1.6 милијарди фунти. Во 2016 година немаше пандемија со Ковид-19 во светот. Компанијата „БионТек“, пак, била многу добростоечка и пред пандемијата со Ковид-19. Минатиот октомври,...

„Епидемија на лаги на Балканот“ – онлајн панел дискусија на српски „Истиномер“ на 14 декември

По повод 11-иот роденден на српскиот сервис за проверка на фактите - „Истиномер“, на 14 декември (понеделник) со почеток од 16:00 часот ќе се одржи онлајн панел дискусија насловена како „Епидемија на лаги на Балканот“. „Истиномер“, со седиште во Белград, Србија, е еден од основачите на Балканската мрежа за борба против дезинформации (АДН-Балкан). На претстојниот настан ќе учествуваат претставници на организации...

Вистиномер: Нема никакви докази дека шесте смртни случаи при тестирањето на Фајзеровата вакцина имаат врска со самата вакцина!

Манипулативен наслов кој информира дека шестмина починале при тестирањето на вакцината за ковид-19 на американскиот производител Фајзер, стана вирален токму поради тоа што ги наведува читателите на погрешен заклучок, а тоа е дека смртта во овие шест одделни случаи има некаква врска со самото тестирање на вакцината во клиничките студии пред нејзиното одобрување, пишува „Вистиномер.мк“ во својата нова анализа. И...

Вистиномер: ФДА не утврдила нус појави на вакцините против Kовид-19

Видео на Фејсбук шири дезинформации за ефектите од вакцините против ковид-19. Видеото за многу кратко време стана вирално, односно во моментот на нашата проверка тоа имаше 2.900 реакциии, 68 коментари и 5.100 споделувања, пишува „Вистиномер.мк“ во својата нова анализа. Во видеото, новинарот Бобан Нонковиќ на јавноста ѝ презентира, како што тој нагласува, „Истражување на Центарот за биолошка евалуација и истражувања...

Во Западен Балкан и Северна Македонија дезинформациите многу често се шират од домашни фактори

Дезинформациите се сеприсутен дел на политичкиот живот во целиот Западен Балкан, без исклучоци. Но, додека за дезинформациите често се говори во контекст на надворешни закани за функционирањето на властите и демократија, најголемите виновници за нивно продуцирање и штитење не се странски фактори. Во најголемиот број случаи станува збор за „домашни“ актери, а дезинформациите се најчесто само симптом, а не...

Вистиномер: Ковид-19 не е измама, туку сериозна болест и затоа не ги фрлајте маските!

Тврдењето дека коронавирусот е измама е невистинито, исто како и тврдењето дека во светот се случува „големо будење” и не треба да се носат заштитни маски. Пандемијата коси пред себе и сиот свет се подготвува логистички за дистрибуција и администрација на вакцината, како светло на крајот од тунелот со пандемијата, пишува Вистиномер. Објава на Фејсбук тврди дека „ковид-19 е измама“ и...

Пет начини како да провериме дали веста е вистинита или лажна? (Видео)

„Сѐ уште некако ни се случува да поверуваме на лажна вест или за вистинска вест да кажеме дека е лажна и некако се е каша попара не знаеме на кого да веруваме, на кого да не веруваме и врз база на кои информации да ги превземаме акциите што ги преземаме“, вели Кика Авеиро во нејзиното ново видео. Таа најавува...

Дали Северна Македонија претставува пречка за Албанија да ги почне преговорите со ЕУ?

Претставниците на земјите од Европската унија на 18 ноември не успеаја да постигнат консензус за рамката за преговори со Албанија и Северна Македонија, што ќе го отвори патот за првата Меѓувладина конференција, што претставува официјален почеток на преговорите за членство. Пратеникот и истовремено Организациски секретар на Социјалистичката партија на Албанија, Арбен Пелумби ја „обвини“ Северна Македонија, тврдејќи дека бугарското вето...

Вистиномер: Лага е дека премиерот е дилер на дрога, а вицепремиерот шверцер на човечки органи

Дезинформација, т.е. лага базирана на други реални вести поврзани со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Артан Груби, е проширена на социјалната мрежа Фејсбук, каде што и двајцата се врзуваат со тешки кривични дела, пишува „Вистиномер“.  Пост објава на Фејсбук на македонски јазик шири невистина т.е. лага за двајца високи функционери во извршната власт во земјава, преставувајќи ги како криминалци што прават...

Порталб.мк: Никој не планира да вметне микрочипови во нашите тела

Со почетокот на глобалната пандемија на ковид-19, започна жестока кампања на дезинформации. Во светот, бројот на жртви како резултат на КОВИД-19 надмина еден милион, додека во нашето општество сè уште се дискутира за постоењето на овој вирус. Станувајќи плен на лажни вести, многу луѓе дури стравуваат дека за време на вакцинацијата против ковид-19 ќе им се вметнат микрочипови во...

Вистиномер: Лекарите не го убиле младиот битолчанец, тој избегал од болницата и испил седативи

Манипулативна објава на Фејсбук ја дезинформира јавноста дека млад битолчанец минататa недела починал од негрижа во болницата. Наспроти ваквите наводи во постот, официјално беше соопштено дека пациентот избегал од болницата и заминал дома, по што испил седативи и заспал. Кога бил вратен во болницата, бил со пена на уста и неконтактибилен, пишува „Вистиномер“. Пост на Фејсбук шири лажни вести за...

Вистиномер: Лажна Фејсбук-страна шири антибугарска пропаганда

Лажна Фејсбук-страна која се преставува дека е официјална Фејсбук страна на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба шири антибугарска пропаганда, пишува Вистиномер. На страната е објавено кратко видео на кое се гледа млад човек на кого не му се гледа ликот како го пали знамето на Бугарија, а во позадина се слуша една од химните на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ....

Твитер ќе ги предупредува корисниците кога ќе се обидат да лајкнат дезинформации

Социјалната мрежа Твитер соопшти дека ќе ги известува, односно предупредува корисниците кога тие ќе се обидат да лајкнат твит со дезинформации. „Овие инструкции помогнаа да се намалат твитовите со цитирање погрешни информации за 29 отсто, така што ги прошируваме за да се покажат кога ќе кликнете лајк на етикетиран твит“, појаснуваат од Твитер. Во моментов корисниците не се во можност да...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...