fbpx
Таг: администрација

таг: администрација

Во третата година од мандатот Владата се’ уште почнува со реформи во администрацијата

Бавно оди процесот на реформи што треба да доведат до професионализација на администрацијата, а најдобар показател за тоа е што Владата во третата година од мандатот се уште ги менува законите за вработените во јавниот сектор и законот за административни службеници. Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) преку Единствениот национален елетронски регистар на прописи (ЕНЕР) објави дека подготвува Закон...

Изборниот пост заврши, почнаа да фрчат огласи за државни вработувања

По неколкумесечната пауза во распишување огласи за вработување во државните органи и претпријатија поради одржувањето на претседателските избори, денеска Министерството за одбрана го „скрши мразот“ и распиша оглас за прием на цивилен персонал во служба во Армијата на Република Северна Македонија. Во огласот се бараат кандидати за вработување на неопределено време на работните места психолог во гарнизоните на АРМ во...

Ова се реформите што ги спроведе Министерството за информатичко општество (инфографик)

Поголемиот дел од реформите предвидени со Акцискиот план за Стратегијата за реформи на јавната администрација се спроведени. Ова го покажува годишниот извештај на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за реформите во администрацијата, известува „Порталб.мк“. Во областа на креирање политики, според извештајот, 57,78% од реформите се спроведени, 37,78% се одложени, додека 4,44% се во процес на спроведување. Во областа...

Истражување: Мерит – системот и дигитализација на услугите – формула за квалитетна администрација

Еден од најголемите предизвици за секое современо демократско општество, а кај нас и еден од условите за евроинтеграциските процеси – квалитетна и оптимална по број јавна администрација, ориентирана кон граѓаните – се решава на различни начини во различни  средини. Сепак, веќе постојат утврдени меѓународни стандарди и патеки по кои треба да се движат владите што сакаат да направат реформи...

Јавна расправа за законите за вработени во јавниот сектор и административни службеници

Сакаме да се консултираме со сите засегнати страни пред да почнеме да пишуваме какви било предлози. Нема да брзаме, ова е процес којшто ќе трае три – четири месеци, а потоа ќе влеземе во процедура. Ова денеска го изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на јавната расправа за Законите за вработени во јавниот сектор и Законот...

Општинската администрација пораснала двојно од 2011 година (инфографик)

Локалната самоуправа има двојно повеќе вработени отколку во 2011 година, покажува споредбата на два документи од Министерството за локална самоуправа и од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Динамиката на вработување во општините се удвоила по 2013 година, од кога бројот на вработени во просек годишно расте за 22 отсто. Според Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2015-2020...

Синдикатот e против трансфер на административците во приватниот сектор

Синдикатот на администрацијата на Република Северна Македонија се противи на идејата на Владата за трансфер на административците во приватниот сектор. Од друга страна, бизнис секторот бара најпрвин да се информира за кадарот што ќе им се понуди, а Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) продолжува со спроведување на планот, пишува „Порталб.мк.“ До крајот на 2019 година, треба да се...

МИОА објави алатка за пријавување на притисок врз администрацијата

Министерството за информатичко општество и администрација, од денеска на својата веб-страница објави алатка на која може да се пријави притисок на работно место. Алатката е објавена во пресрет на изборната кампања за претседател. „Министерството за информатичко општество и администрација повторно објавува алатка за пријавување на притисок на работно место за време на престојната кампања за избор на претседател на Северна...

Иџет Мемети: Нема граѓански права со партизирана администрација

„Едноставно, не може некој административец да одлучи дека во наредните три дена нема да работи и дека предметите ќе почне да ги решава следната недела... Ова не е измислен случај“, вели народниот правобранител Иџет Мемети во интервју за „Мета“. Тој посочува дека граѓаните имаат најмногу поплаки на правосудството, работните односи, денационализацијата, социјалата и потрошувачките права, а јавната администрација е...

Ќе се разграничуваат политичките од професионалните шефови во администрацијата

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува закон за висока раководна служба. Во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи се вели дека во законодавството не постои јасно разграничување меѓу политичкото и професионалното ниво, односно не е јасно дефиниран и утврден опфатот за висока раководна служба. „Со новиот закон за висока раководна служба (ВРС), ќе се воспостави воедначена...

ММФ: Владата да се фокусира на слабостите на јавната администрација, пазарот на трудот и правосудството

Структурните политики да се фокусираат на долготрајните слабости на пазарот на трудот, правосудството и јавната администрација за да се зголеми продуктивноста, препорачува Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај за Македонија. „Повеќе од дванаесет години откако го доби кандидатскиот статус, прв пат аспирациите на Македонија за отварање преговори за членство во Европската Унија изгледаат надежно. Крајот на политичката криза ги заживеа...

Избрана фирма што ќе го одржува е-дневникот

Постапката за избор на компанија која ќе го одржува електронскиот дневник е завршена, односно избрана е компанијата „Сорсикс“ и потпишан е договор, информираa денеска за „Мета“ во Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму потенцираат дека сите податоци кои наставниците не ги внесуваа од почетокот на учебната година, ќе треба да ги внесат затоа што тоа е законска обврска. Оваа...

Во Собранието денеска почнува комисиска расправа за предлог-буџетот за 2019

Расправата по предлог-буџетот за 2019 година, почна денеска во матичната Комисија за финансирање и буџет во Собранието. Предлог-буџетот за 2019 година тежи 3,7 милијарди евра, вкупните приходи се проектирани на 210,8 милијарди денари, (3,4 милијарди евра), а порастот на економијата 3,2 проценти на домашниот бруто-производ (БДП). Со буџетот за 2019 година се предвидува намалување на буџетскиот дефицит, кој за следната година...

Извештај: 27 спроведени реформи во јавната администрација, 37 се во тек 9 доцнат

На седницата на Советот за реформа во јавната администрација во Владата бил усвоен полугодишниот извештај кој покажува дека 27 активности биле целосно спроведени, на 36 активности спроведувањето е во тек, а за останатите девет активности се доцни со имплементација. Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски најави дека во наредниот период ќе се зголеми динамиката на спроведување на активностите, а...

Администрацијата секоја година јаде сѐ поголем залак од буџетот

На администрацијата секоја година се трошат сè повеќе пари од буџетот, а ништо поразлична нема да биде ниту 2019 година, кога се предвидува за плати на администрацијата од буџетот да се потрошат 461 милиони евра, што е зголемување за 25 милиони евра или од 5,7 отсто во однос на годинава, кога за оваа намена се одвоени 436 милиони евра. Податоците...

Голдстајн: Премногу администрација воопшто, но премалку на вистинското место со вештини

Свесни сме за критиките кои се адресираат на вработените во јавната администрација. Наша заедничка цел мора да биде да ја подобриме сликата што јавноста ја има за начинот на којшто функционира јавната админстрација. Ова денеска го истакна министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на првата Годишната конференција на Мрежата за управување со човечки ресурси, на која присуствуваат шестотини претставници...

Администрацијата за десет години не научи како се подготвуваат закони

Македонската администрација за цела деценија не научи соодветно да ги подготвува новите закони со што граѓаните би имале увид во тоа, какво влијание би имала новата регулатива врз секојдневието, односно какви ќе бидат трошоците од спроведувањето на новите законски одредби. Речиси десет години по воведување на алатката „Проценка на влијанието на регулативата“ (ПВР), земјава не може да потврди релевантни резултати....

Манчевски: Почнуваме со хоризонтална анализа на администрацијата за да се среди хаосот

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) започнува со спроведување на хоризонталната анализа на јавната администрација, најави министерот на МИОА Дамјан Манчевски - Ова значи дека конечно во Македонија, ќе воведeме ред во хаосот што постои во системот. На овој процес му претходеше мапирање на постојните институции во земјата. На почетокот на годината со поддршка од канцеларијата на УНДП во...

Манчевски: Дигиталната трансформација е скап процес на раст и развој

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се обрати во министерскиот панел на тема: „Дигитална економија- мотор за економски развој“, во рамки на меѓународната конференција „Дигитолкс“, што вчера и денеска се одржува во Приштина. Манчевски зборувајќи за дигиталната трансформација како основа за дигитална економија, се осврна на предизвиците што ги носи новото време и потребата од реорганизација како на...

Ништо ново: Полураспаднати и ишарани учебници на почетокот на годината (галерија)

Некои се искинати, други се повлечени и не се вратени, трети не се испечатени, за четврти доцнат нарачките. И годинава, истата слика со учебниците, како и на секој почеток на нова учебна година. Хаосот се создава по први септември, кога наставата започнува без овие помагала. Додека се чекаат нови комплети, на часовите се користат стари учебници, од кои добар дел...

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...