fbpx
Таг: администрација

таг: администрација

„Њујорк тајмс“ објави непотпишана колумна против Трамп од функционер на Белата куќа

Во редок преседан за најголемите американски весници, „Њујорк тајмс“ објави анонимна колумна од висок функционер во администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој вели дека заедно со многумина други, тој потајно работи за да спречи многу штетни политики на Трамп. Колумната има наслов „Јас сум дел од движењето на отпорот внатре во администрацијата на Трамп“. Анонимниот колумнист вели дека „Трамп...

Општините ќе може да искористат 6,5 милиони евра за инфраструктура и градинки

Општините ќе можат да аплицираат за 6,5 милиони евра за капитални проекти преку Проектот за подобрување на општински услуги - МСИП, информираат од Министерство за финансии. Општинските власти треба да подготват предлог-проекти со кои ќе аплицираат на јавниот повик, кој Министерството за финансии ќе го објави во септември и истиот ќе го спроведува. Тој е поддржан од Светска банка со...

Стотици административци вработени по Рамковен уште седат дома и примаат плата

Сè уште не е изготвен план за распоредување на работни места на втората група административци што се вработени според Рамковниот договор и тие уште примаат плата иако седат дома и не одат на работа, пишува „Порталб.мк“. Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор веќе два месеца е во фаза на подготовки на планот за нивно распоредување на работните места каде...

Владата го финишира планот за соработка со „Мајкрософт“

Премиерот  Зоран Заев денеска примил делегација на компанијата „Мајкрософт“ што ја предводел Филип Рог, претседател на компанијата за Централна и Источна Европа, информираат од Владата. На средбата било разговарано за финиширање на подготовките кои треба да се преточат во договор за соработка на Владата со „Мајкрософт“, кои биле започнати во Давос оваа година. Премиерот Заев информирал на средбата дека Владата е особено...

Анкета: Економската состојба е лоша, но компаниите очекуваат дека ќе се подобри

Сегашната економска ситуација е оценета како полоша во однос на минатата година, покажува Анкетата за деловната клима во Македонија спроведена помеѓу членките на Македонско - германското стопанско здружение. Само 7 отсто од компаниите, моменталната економска состојба ја оцениле како добра, а 50 отсто ја оценуваат како лоша. - Кај компаниите има позитивното расположение во однос на очекувањата дека деловната клима значително...

Вкупно 139.009 вработени во јавниот сектор

Во државната администрација, во локалната самоуправа, во јавните претпријатија, во акционерските друштва во државна сопственост вкупно се евидентирани 139.009 вработени. Без привремените вработувања и без вработените во акционерските друштва, има 128.722 вработени во 1.299 институции, соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешниот брифинг. Иако не е целосно функционален Регистарот на вработените во јавниот сектор, за чие...

Бројката на административци ќе биде објавена в петок

Пребројувањето и анализата на состојбите во администрацијата е завршена и в петок ќе бидат презентирани бројките и состојбата, најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешниот брифинг. Извештајот за состојбата во администрацијата се најавува уште од стапувањето на функција на новата Влада.

ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски нема кредибилитет да зборува за реформи во администрацијата

СДСМ и Дамјан Манчевски ја дефокусираат јавноста од партизацијата на администрацијата, која забрзано ја спроведуваат, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација. „За која професионализација на администрацијата зборува Манчевски, кога во првиот месец од доаѓањето на власт во владата ги вработија истакнатите кадри на СДСМ и од т.н. шарена револуција, како Бојан Маричиќ,...

Бизнисмените бараат побрза и поефикасна комуникација со администрaцијата

Планот за економски раст на Владата ги содржи барањата на бизнис-заедницата, информираше денеска директорката на Стопанска комора на Македонија, Елена Милевска Штрбевска. Таа додаде дека од јуни до крајот на 2017 година, од Стопанска комора до Владата поднеле 19 иницијативи и ниту една од нив не е одбиена, но реализацијата, како што кажа, треба да биде побрза. - Генерална оценка на соработката со...

Администрацијата најмалку одговара на новинарските прашања

Има реална потреба од менување на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер иако попроблематична е неговата примена отколку самиот закон – беше констатирано на денешната јавна расправа за овој закон што ја организираше Министерството за правда. Законот треба да се менува во роковите, во исклучокот да не се даде информацијата, и во  надлежностите што ги има Комисијата...

Манчевски: Вработувањата во администрацијата ќе бидат транспарентни

Отпуштања од јавната администрација нема да има, а вработувања ќе има согласно потребите и процесот ќе биде транспарентен, одговори на новинарско прашање министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на промоцијата на проектот „Една точка на услуги“. Тој додаде дека, веќе има природен одлив од администрацијата, односно намален е бројот на вработени, а точниот број ќе се знае во март, кога...

МИОА следната година ќе ја реформира администрацијата преку електронски проекти

Очекувам новата стратегија за реформа на јавната администрација да биде испратена до Владата пред крајот на оваа година, рече министерот Дамјан Манчевски на денешната презентација на буџетот за 2018 година на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Тој  вели дека реформата на администрацијата следната година ќе се насочи главно кон дигитализацијата на администрацијата, преку неколку проекти, на кои ќе...

ИДСЦ: Планот „3-6-9“ е несоодветно подреден, а „тројката“ е нецелосно исполнета

Наспроти тоа што го кажа Владата, дека делот „3“ од планот „3-6-9“ е целосно исполнет, активностите предвидени за првите три месеци од реформскиот план се само делумно реализирани. Исто така, во планот има несоодветно подредување на приоритетите, па некои побитни се сместени подолу во редоследот на важноста, велат од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од каде го презентираа својот...

Груевски: Вториот круг помина со масовен поткуп, системски закани и со уцени

Колку што имаше нерегуларности во првиот круг на гласањето, тие уште повеќе се зајакнаа во вториот круг, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, откако гласаше во ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Општина Кисела Вода. - Демократската атмосфера, за жал, во овој период не можеме да ја видиме. Имаше масовен поткуп на граѓаните како никогаш досега во Македонија, како и закани, притисоци и...

Невладините бараат од Владата информации за администрацијата и поголема отвореност

Граѓанскиот сектор бара дополнителна ефикасност и транспарентност во поглед на регистарот на вработени во јавните институции, соопшти владината служба за информирање. Од граѓанските организации, на денешната средба со работни групи од министерствата, било побарано да се подобри ефикасноста на примената на Законот за пристап до информации од јавен карактер и да се обезбеди поголема транспарентност на податоците за привремените вработувања. Денешната средба е...

Психолошкиот тест отпаѓа како услов за јавните службеници и функционери

Со голем број предлог-закони за измена на постојните, власта се подготвува за исфрлање на психолошкиот тест и на тестот за интегритет како услови за вработување раководни лица и службеници во јавната администрација и во јавните установи, се гледа при прелистувањето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР). Истовремено, во сертификатите за познавање англиски јазик, потребни за вработување...

Манчевски: Догодина целосно функционален Централен регистар на населението

Реформите во јавната администрација се значаен дел од процесот на интегрирање во ЕУ и треба да ги подготват земјата и јавниот сектор ефикасно да се справуваат со предизвиците на евроинтеграциите, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната прес-конференција, посветена на проектот „Гоу диџитал -Помош за реформите на јавната администрација и зајакнување на капацитетите на Министерството за информатичко општество и јавна администрација“. -...

Судовите од понеделник со ново работно време – од 7.30 до 15.30 часот

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука работното време на судовите да почнува во 7.30 часот и да завршува во 15.30 часот, наместо како што бешедосега, од 8.30 до 16.30 часот. Новото работно време на судовоте ќе почне да се применува од понеделник, 4 септември, според одлуката на Владата за промена на работното време на администрацијата. Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски,...

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски и Заев вршат притисок врз вработените во државните институции

„СДС спроведува тортура врз вработените во јавната и во државната администрација. Владата на дело го реализира ветеното од Заев за јадење живи луѓе“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, на која тој обелодени дека 600 лица вработени до Државниот секретаријат примале плата, а не оделе на работа. „Рашковски и Заев ја злоупотребуваат власта и...

Турција нареди апсење на 70 поранешни административци

Властите во Турција денеска објавија налози за апсење 70 поранешни работници на Министерството за финансии поради наводната вмешаност во минатогодишниот обид за пуч, јави „Си-ен-ен Турк“. Турција го обвини имамот Фетулах Ѓулен, кој е во егзил во САД, дека го оркестрирал обидот за воен удар. Тој ги демантира ваквите тврдења. Властите по неуспешниот пуч сменија или суспендираа околу 150.000 лица во...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...