fbpx

Манчевски: Вработувањата во администрацијата ќе бидат транспарентни

-

Отпуштања од јавната администрација нема да има, а вработувања ќе има согласно потребите и процесот ќе биде транспарентен, одговори на новинарско прашање министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на промоцијата на проектот „Една точка на услуги“.

Тој додаде дека, веќе има природен одлив од администрацијата, односно намален е бројот на вработени, а точниот број ќе се знае во март, кога министерството законски е обврзано да даде извештај за вкупниот број на вработени од претходната година.

– Немаме доволен број на високо-квалификувани луѓе за да ги преземат раководните места во администрацијата –  истакна Манчевски.

Министерот потенцираше дека во администрацијата недостасуваат инженери, архитекти и правници. Оттука, во првите шест месеци од следната година треба да се вработат електроинженери за да се имплменетира централниот електронски регистар на население.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...