Администрацијата најмалку одговара на новинарските прашања

-

Има реална потреба од менување на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер иако попроблематична е неговата примена отколку самиот закон – беше констатирано на денешната јавна расправа за овој закон што ја организираше Министерството за правда.

Законот треба да се менува во роковите, во исклучокот да не се даде информацијата, и во  надлежностите што ги има Комисијата за заштита на ова право, беше речено на расправата одржана во Скопје.

Според статистичките бројки што беа изнесени, администрацијата најмногу го избегнува ова право кога станува збор за медиумите.

– Доколку новинарите поставуваaт прашања, процентот на одговор од администрацијата е околу 37 отсто, доколку тоа го прават граѓаните, тогаш процентот е 50 отсто, а доколку прашува невладина организација, тогаш администрацијата одговара во над 70 отсто случаи – изјави Герман Филков од Центарот за граѓански иницијативи, истакнувајќи ги нивните искуства кои се големи, зашто годишно поставуваат околу 1000 прашања до институциите и имателите на информации од јавен карактер.

Бројките покажуваат дека има потреба од менување во законот, изјави Тамара Чаусидис од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, потсетувајќи дека ССНМ и други четири новинарски организации ова барање го имаат испратено и официјално до Владата уште пред повеќе месеци.

Претседателот на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Ѓорѓи Сламков. изјави дека Комисијата, исто така, има свои забелешки на законот и тоа во три насоки – нормативен дел од законот, роковите за постапување и надлежностите на Комисијата и капацитетите на самата Комисија.

Тој потенцираше дека Комисијата останала само со тројца членови, а за да ги исполнат роковите од законот и поради големиот број барања држат седници секоја недела преку цела година.

Сламков истакна дека во однос на администрацијата, најдобро зборува податокот дека, од околу 700 жалби во текот на годинава, преку 500 се однесувале на молкот на институциите.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...