fbpx

Јавна расправа за законите за вработени во јавниот сектор и административни службеници

-

Сакаме да се консултираме со сите засегнати страни пред да почнеме да пишуваме какви било предлози. Нема да брзаме, ова е процес којшто ќе трае три – четири месеци, а потоа ќе влеземе во процедура. Ова денеска го изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на јавната расправа за Законите за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници.

Тој очекува во јуни законите да влезат во владина процедура, а најдоцна до септември да биде изгласан во Собранието.

Според Билјана Жагар – Николовска, советник за администрација во МИОА, меѓу останатото, законите треба да понудат механизам со кој што управувањето со ефектот или оценувањето во администрацијата нема да биде алатка за справување со кадрите.

– Граѓаните од една страна очекуваат поквалитетни и побрзи услуги, а ние административните службеници очекуваме поголема мотивација за сработеното. Целта на оценувањето и за процесот за управување со ефектот треба да ни биде заедничка и да не доведе до исто, а не да биде алатка со која што менаџерите ќе може да се справуваат со кадрите кои не им се најпогодни – рече Жагар.

Директорот на Агенцијата за администрација, Спасе Глигоров, рече дека при постапката за вработување потребна е рационализација на условите што треба да ги исполнат кандидатите уште при самото аплицирање за некое работно место.

– При голем број постапки се покажа дека голем број кандидати кои аплицираат за вработување како администраивни службеници отпаѓаат од натамошната селекција од разни причини. Преоптоварени се да прикачуваат документи кои се ирелевантни за самиот мерит систем според кој треба да се вреднува способноста на самиот кандидат – рече Глигоров

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...