fbpx

Истражување: Мерит – системот и дигитализација на услугите – формула за квалитетна администрација

-

Еден од најголемите предизвици за секое современо демократско општество, а кај нас и еден од условите за евроинтеграциските процеси – квалитетна и оптимална по број јавна администрација, ориентирана кон граѓаните – се решава на различни начини во различни  средини. Сепак, веќе постојат утврдени меѓународни стандарди и патеки по кои треба да се движат владите што сакаат да направат реформи во оваа област, се вели во истражувањето на реформите во јавната админстрација кое Фондацијата  „Метаморфозис“ го спроведе како дел од регионалниот проект „Западен Балкан и процесот на пристапување во ЕУ: Примена на политичките критериуми“, што го води Центарот за демократска транзиција од Подгорица, Црна Гора.

Државата, иако се обидувала да прави реформи на ова поле најмалку деценија и половина, не сторила многу досега. Сепак, Република Северна Македонија денес може, ако ништо друго, да потврди дека има цврсто зацртана насока, има утврден пат и има неколку рути од тој пат што почнала да ги изведува.

Со други зборови, стратегиите, акциските планови, некои клучни закони – сето тоа е веќе донесено или треба да се доврши во некои сегменти, и сега е потребна имплементација на замислите.

За она што претстои, а врз основа на истражувањето на темата и врз основа на разговорите со експертите, можеме со голема доза сигурност да се издвојат следните препораки:

  • Доследно да се спроведе функционална анализа во сите институции од јавниот сектор.
  • Да се спроведе принципот на вработување и напредување во јавната администрација според системот на квалификации, знаење и заслуги (merit)
  • Системот за правична застапеност сѐ повеќе да се потпира или комбинира со merit системот, односно систем на вработување и напредување според заслуги;
  • Да се доврши усвојувањето на правната рамка за воведување висока раководна служба, низ транспарентен и инклузивен процес.
  • Да се зголеми јавната свест за потребата од користење дигитални услуги на јавната администрација и таму каде што сега се можни, но и пред да се случи што помасовна дигитализација на услугите;
  • Да се усоврши системот на RIA/ПВР и ефективно (а не само de iure) да стане задолжителен процес, кој ќе важи за сите прописи без оглед на брзината со која треба да се носат;
  • Да се продолжи и продлабочи системот за отвореност и транспарентност на институциите;
  • Да се контролираат и намалат нерационалните трошоци во администрацијата, почнувајќи од примањата на членовите на управни и надзорни одбори до сите други нерационални трошоци;
  • Да се разјасни и подобри преку законски измени одговорноста внатре во институциите, но и надворешно помеѓу институциите и органите;
  • Да се дозволи поголема фискална децентрализација во однос на локалната самоуправа, а во истовреме да се зголеми обемот на јавни услуги што може да ги дава локалната самоуправа…

Ова се само дел од препораките, произлезени од истражувањето спроведено во февруари годинава.

Целосното истражување е достапно на следниот линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...