fbpx

Голдстајн: Премногу администрација воопшто, но премалку на вистинското место со вештини

-

Свесни сме за критиките кои се адресираат на вработените во јавната администрација. Наша заедничка цел мора да биде да ја подобриме сликата што јавноста ја има за начинот на којшто функционира јавната админстрација.

Ова денеска го истакна министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на првата Годишната конференција на Мрежата за управување со човечки ресурси, на која присуствуваат шестотини претставници на одделенијата за човечки ресурси и државни секретари.

– Јас верувам дека функционирањето на оваа мрежа ќе придонесе кон подобрување на работата на јавната админстрација. Особено кога зборуваме за подобрување на испораката на услугите до граѓаните. Во исто време администрацијата треба да биде подготвена да се носи со предизвиците од пристапувањето во евроатланските структури – истакна Манчевски.

Тој додаде дека во буџетот за следната година е предвидено зголемување на плата на сите во администрацијата за пет проценти, а за некои професии ќе има и повеќе.

– Намерата ни е секоја година да има по едно вакво покачување и се надеваме дека ќе успееме во тоа. Ама затоа и бараме многу поголема одговорност, многу подобри услуги, со цел граѓаните да бидат позадоволни – додаде Манчевски.

Државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија рече дека на државата и биле потребни над два милиони евра за воспоставување на информатички систем за човечки ресурси.

– Согласно Законот за вработени во јавниот сектор, МИОА е должно до 31 март секоја година да го објави Извештајот за вработени во јавниот сектор. За жал, до денес не можеме да го оствариме ова законско право, бидејќи голем број на институции не ја исполнуваат својата законска обврска. Како министерство го направивме она што е беше наша задача, преку обуки на вработените, интервенција на инспекторатот, измени на законите – рече Јахија.

Заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џефри Голдстајн се осврна на важноста од реформите во јавната администрација.

– Реформата на јавната администрација е потребна за да се подобри животот на граѓаните и да се зголеми јавната доверба во државните институции во кои вие работите. Еден многу важен дел на реформата на јавната администрација е реформата на системот на човечки ресурси. За да стане поефикасна, државната администрација мора подобро да ги користи луѓето кои работат во неа.Гледајќи однадвор, ми изгледа дека државната администрација има истовремено и премногу и премалку луѓе. Премногу воопшто, но премалку на вистинското место со вистинските вештини. Затоа мислам дека процесот на систематизацијата на државната администрација е многу потребен – рече Голдстајн.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...