fbpx
Таг: ДУИ

таг: ДУИ

Претседателството на ДУИ разочарано од неуспехот на преговорите

Претседателството на Генералниот совет на ДУИ на седницата одржана денеска, дискутираше за последните политички случувања во земјата, откако политичките партии не постигнаа договор во Брисел на 10 јуни. Откако претседателот на партијата, Али Ахмети, го информираше членството, претседателството на ДУИ изрази разочарување од неуспехот на преговорите и од непочитувањето на договорот потпишан помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии во земјата. ДУИ смета...

Маратонска седница на претседателството на ДУИ

Четири часа трае седницата на Централното претседателство на ДУИ, кое почна околу 15 часот во седиштето на партијата во Мала Речица. Според неофицијалните информации, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, а лидерот на партијата, Али Ахмети, ги информирал сопратијците за преговорите во Брисел. Официјално соопштение од партијата се очекува по завршувањето на состанокот.

Заев ќе оди на лидерска со Груевски само со странци

За утре е најавена лидерска средба на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, која во 14 часот треба да се одржи во просториите на Клубот на пратеници. На маса треба да седнат Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мандух Тачи, а според информациите, средбата била иницирана од претставниците на меѓународната заедница како компромисно решение за надминување на...

Амбасадорите сметаат дека ДУИ треба да го искористи влијанието за доброто на граѓаните

Лидерот на ДУИ не сакал да им даде изјава на новинарите по двочасовната средба со амбасадорите на САД, ЕУ, Франција, Велика Британија и на Италија, објави „Нова ТВ“. Новинарите го прашувале Ахмети дали ќе понесе одговорност за настанот во Куманово, но неговиот портпарол рекол дека изјава ќе дадат амбасадорите. Во заедничката изјава, амбасадорите посочија дека и ДУИ носи одговорност и...

Вонредна седница на ДУИ

На вонредна седница на Централното претседателство на ДУИ, која почна попладнево околу 14.30 часот, се разговараа за актуелната безбедносна состојба во Македонија, по немилите настани што се случија во кумановско Диво Насеље. На седница што се одржува во седиштето на ДУИ во Мала Речица, посебна партиска група која е во постојан контакт со државните институции, ќе ги информира органите на партијата за...

ДУИ: Граѓаните да останат мирни и да не подлегнуваат на дезинформации

Од Демократската унија за интеграција велат дека со голема загриженост ги следат денешните случувања во Куманово и апелираат до граѓаните за ладнокрвност и да не подлегнуваат на какви било провокации. „Демократската унија за интегрaција смета дека денешните настани во Куманово, но и тие претходните во Гошинце и експлозијата пред седиштето на ДУИ, како и други, се дејства што се во...

Јавен обвинител извршил увид на местото на експлозијата пред седиштето на ДУИ

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово утрово извршил увид пред седиштето на Демокрската унија за интеграција (ДУИ) во Мала Речица, каде доцна синоќа беше активирана експлозивна направа, соопшти Јавното обвинителство. Во кусото соопштение се вели дека од местото биле подигнати материјални траги и влакна од изгорен фитил, кои се дадени за вештачење. Надлежниот обвинител одзел и цеде од видеонадзорот...

Експлозија во близина на седиштето на ДУИ во Мала Речица

Експлозивна направа синоќа била активирана во близина на седиштетото на ДУИ во тетовска Мала Речица. Од експлозијата, која во полицијата била пријавена околу 21.50 часот, нема повредени ниту, пак, е причинета материјална штета на околните објекти. Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, на коловозот каде детонирала бомбата имало кратер. Полициски екипи веднаш излегле на местото на експлозијата да извршат...

ДУИ ги повикува граѓаните да не наседнуваат на провокации

Инцидентот во Гошинце е акт кој ѝ наштетува на агендата на Албанците во Македонија, како и воопшто на националната агенда, се вели во реакцијата на ДУИ. „ДУИ ги повикува граѓаните да не се грижат и да не наседнуваат на провокации. Ги уверуваме граѓаните дека овие инциденти нема да нè оттргнат од нашата зацртана агенда и од нашите активности. Бараме од...

Ахмети: Ние сме наследници на ОВК

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од Струга порача дека тие се наследници на ОВК и дека имаат изградено вредности со кои можат да се справат со тешкотиите што доаѓаат однадвор, но и однатре. - ДУИ има постулати и ние ги почитуваме. ДУИ не е организација формирана некој да ја искористува. ОВК  беше формирана како резултат на неправдите кои историски се направени врз...

Фрчат оставки во ДУИ, се чека реакција на Ахмети

За само едно деноноќие, тројца функционери на ДУИ, Шефик Дураки, Арбен Лабеништа и Хазби Лика, поднесоа оставки, двајца од раководни места во партијата и еден од јавна функција, заменик-министер за одбрана. Незадоволен од организацијата на ДУИ, а особено од функционирањето на разграноците, Шефик Дураки, заменик-претседател на разгранокот на ДУИ во Арачиново, денеска последен од тројцата поднесе оставка од партиските функции. Вчера, пак, чекорот го...

Хазби Лика поднесе оставка од функцијата организациски секретар во ДУИ

Oставка од функцијата организациски секретар во ДУИ си поднесе Хазби Лика. Тоа го направи и заменик-министерот за одбрана Лабеништа од сите функции во ДУИ. „Освен чин на оставка од партиската функција, ова е и мој чин на протест против одредено однесување на партијата и солидарност со членовите на ДУИ“, пишува Лика во писмото до јавноста.

Ахмети бара Брисел и Вашингтон да се вклучат во решавањето на политичката криза

Лидерот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, се сретна со амбасадорот на Европска унија во Скопје, Аиво Орав, соопштија од ДУИ. На средбата, Ахмети и Орав разговарале за политичката ситуација во Македонија, политичкиот дијалог, меѓуетничките односи, како и за интеграцијата на Македонија во Европската унија. Ахмети истакнал дека почетокот на политичкиот дијалог во Брисел треба да се зајакне и да се унапреди...

Маљас: За името, Ципрас ви е попрагматичен и пореалистичен соговорник

Првиот грчки амбасадор во Македонија и актуелен член на грчката партија Река, Александрос Маљас, ги оцени мерките за доверба што треба да ги предложи Атина како можност за позитивно придвижување напред кон подобра заедничка иднина за Македонија и за Грција. За време на неговиот говор на конгресот на ДУИ во Скопје, вчера Маљас рече дека Атина ќе предложи пакет...

Фуере: Што правеше ДУИ во Владата овие седум години?

Дипломатот и поранешен амбасадор на Европската унија (ЕУ) во Македонија, Ерван Фуере, воопшто не се воздржал да испрати остри критики до Демократската унија за интеграција (ДУИ), во своето обраќање на тематскиот конгрес на партијата, на кој присуствува како гостин, пренесува „Нова ТВ“. „Ароганцијата со која владејачката партија (ВМРО-ДПМНЕ н.з.) ја наметна својата тесна партиска идеологија стана толку убедлива што Македонија...

Ахмети: Политичката криза не може да се реши без ДУИ

Политичката криза во земјата може да се реши само со дијалог меѓу политичките субјекти и со посредство на меѓународната заедница, а без вклучување на албанскиот фактор во земјата во процесот, ниту едно решение нема да биде одржливо, порачал лидерот на Демократската унија за интерграција (ДУИ), Али Ахмети, во својот воведен говор на првиот тематски конгрес на партијата, на кој...

Ахмети и амбасадорот Петков разговараа за актуелната политичка состојба во Македонија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Тетово со бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Петков, разговарал за актуелната политичка состојба во земјата, за потребата од продлабочување на соработката помеѓу нашите две земји, евроатлантската интеграција на Македонија, како и за аферата со масовно прислушување во Македонија, соопштија од партијата. Петков го информирал Ахмети за политичката ситуација во Бугарија по изборите и...

ДУИ: Засега е рано за преодна влада

Засега е рано за преодна влада, порачува Али Ахмети по вчерашната „бомба“ на опозицијата. Од ДУИ за „24 Вести“ велат дека во моментов е рано да се зборува за формирање преодна влада, но истакнуваат дека тоа е засега, иако не сакаат да конкретизираат кога би бил вистинскиот момент за да дадат поддршка. Од Мала Речица го поздравуваат барањето на опозицијата за...

Ахмети: Политичкиот дијалог мора да се обнови и да се интензивира

Лидерот на Демократската унија за интеграција денеска, во седиштето на ЕУ во Скопје, се сретна со комесарот за добрососедска политика и преговори за проширување на ЕУ, Јоханес Хан. Фокусот на средбата, како што се наведува во соопштението од ДУИ, биле политичките случувања во Македонија, масивната афера со прислушувањето, решавањето на спорот за името и евроатланската интеграција. Ахмети ја поздравил идејата на...

ДУИ: Разрешувањето на Исмаили е непринципиелно

Од ДУИ сметаат дека разрешување на заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање, Мухамед Исмаили, е непринципиелен чекор. Од партијата соопштуваат дека оваа одлука ја одразува кризата на легитимитет што ја има претседателот и ја засилува нивната идеја за консензуален претседател. „За ДУИ, оваа одлука, исто како и одлуката за именување членови на Советот за национална безбедност пред неколку месеци, ја одразува кризата на...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...