fbpx

Фуере: Што правеше ДУИ во Владата овие седум години?

-

Дипломатот и поранешен амбасадор на Европската унија (ЕУ) во Македонија, Ерван Фуере, воопшто не се воздржал да испрати остри критики до Демократската унија за интеграција (ДУИ), во своето обраќање на тематскиот конгрес на партијата, на кој присуствува како гостин, пренесува „Нова ТВ“.

„Ароганцијата со која владејачката партија (ВМРО-ДПМНЕ н.з.) ја наметна својата тесна партиска идеологија стана толку убедлива што Македонија е во опасност да ја загуби сопствената душа“, рекол Фуере, а потоа го поставил прашањето: „Но, што правеше ДУИ во Владата овие седум години?“

„На почетокот“, рекол Фуере, „ДУИ имаше смирувачко влијание врз своите партнери во Владата и се обиде да игра конструктивна улога околу спорот за името, за разлика од својот коалициски партнер, кој го злоупотребуваше спорот за да добие политички поени во борбата против своите политички противници“.

„Но, во други моменти, во однос на слободата на медиумите, околу важноста на политичкиот дијалог, околу изградбата на консензус и почитувањето на демократските процеси, ДУИ чудно молчеше. Жал ми е што морам да бидам вака искрен. Но, секогаш сум бил искрен со своите пријатели и сум им ја кажувал вистината“, рекол дипломатот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...