fbpx

Ахмети: Политичкиот дијалог мора да се обнови и да се интензивира

-

Лидерот на Демократската унија за интеграција денеска, во седиштето на ЕУ во Скопје, се сретна со комесарот за добрососедска политика и преговори за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Фокусот на средбата, како што се наведува во соопштението од ДУИ, биле политичките случувања во Македонија, масивната афера со прислушувањето, решавањето на спорот за името и евроатланската интеграција.

Ахмети ја поздравил идејата на Хан за вклучување на властите од Брисел за надминување на тешката ситуација во земјата.

– Политичкиот дијалог мора да се обнови значително и да се интензивира. ДУИ го поддржува овој процес и ги повикува страните да го решат ова прашање на транспарентен начин и со внимание кон заедничкото добро на земјата – рекол Ахети.

Ахети ја поздравил подготвеноста на Хан да разговара со Метју Нимиц за да се најде начин за решавање на спорот за името.

– Фокусот на евроатлантската агенда не смее да се одложи и заедно со меѓународната заедница, сите сили треба да ги сконцентрираме во решавањето на спорот за името, членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ – рекол Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...