сабота, 14 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: АлиАхмети | 32 резултати

Ахмети: Итно да се спроведе Договорот од Пржино

4 ноември 2015

Денеска во седиштето на партијата во Тетово, претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, ја пречека делегацијата на европратеници предводена од Џани Питела, претседател на групата на социјалистите и на демократите во Европскиот парламент, Кнут Фленкенштајн, потпретседател на групата на социјалистите и на демократите во Европскиот парламент, како и поранешниот известувач на Европскиот […]

Ахмети: Дали ќе има решение, зависи од вечерашната средба на лидерите

19 октомври 2015

Според лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дали ќе има решение за отворените прашања, зависи од вечерашната средба на лидерите на политичките партии. Ова го изјави тој по завршувањето на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. Ахмети рече дека со комесарот Хан разговарале за актуелните политички случувањата, односно за тоа што било на маса изминативе […]

ДУИ го претстави тимот за изборите догодина

18 октомври 2015

Демократската унија за интергација (ДУИ) денеска на Скопски саем ги претстави членовите на партијата што ќе ја водат кампањата на ДУИ на предвремените параламентарни избори закажани за април следната година. Пред околку 1.200 членови на партијата, се обрати претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој го претстави актуелниот министер за економија, Беким Незири, за шеф на изборниот […]

Ахмети: ДУИ е против активна регистрација на гласачите

1 октомври 2015

Демократската унија за интеграција (ДУИ) е против предлогот за активна регистрација на гласачите бидејќи таа е спротивна на „духот на гарантирање на правото на глас за секој граѓанин“, рекол претседателот на партијата, Али Ахмети, за време на денешната средба со амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Ваутер Пломп, стои во соопштението на интегративците за средбата. […]

ПДП: Дали Питер Фејт сака да го спаси Али Ахмети?

29 септември 2015

„Проширувањето на Охридскиот договор не може да го направи политичка партија која треба да биде предмет на истражување од Специјалниот обвинител поради аферата „Маѓар телеком“ и другите афери од објавените „бомби“ ниту, пак, лидер кој не може да се појави слободно пред своите гласачи“, се вели во писмената реакција на Партијата за демократски просперитет (ПДП), по веста […]

Ахмети: Не ни требаат 10 партии на Албанците

27 септември 2015

„Не ни требаат 10 партии кои ќе им наштетат на тие десетици илјади гласови на Албанците. Силниот мандат нè прави посилни“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при посетата на Општина Желино. – Јас во мојата кариера сум се ангажирал и за слободното говорење и за слободното мислење. Не ѝ припаѓам на плејадата луѓе што го убиваат слободното говорење […]

Ахмети: Важна е имплементацијата на сите чекори на Договорот од Пржино

18 септември 2015

Eврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, разговарал за имплементацијата на договорот за надминување на политичката криза. – Нам ни е важно имплементацијата на сите чекори што ги содржи договорот за излез од политичката криза да се забрза и побрзо тој да биде целосно затворен, а политичките лидери да бидат доследни […]

Ахмети: ДУИ е подготвена за компромис

14 септември 2015

Политичките партии да ги надминат меѓусебните разлики и заеднички да се согласат за законската рамка и за името на обвинителот, порачаа денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со директорката за Западен Балкан и за проширување во британското министерство за надворешни работи, Фиона Мекилвам, и со британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, со кои се […]

ДУИ до крајот на август очекува договор за изборниот закон и за специјалниот обвинител

12 август 2015

Демократската унија за интеграција (ДУИ) очекува до крајот на август политичките партии да постигнат договор околу прашањата за изборниот закон и за специјалниот јавен обвинител и потоа со консензус да бидат усвоени во Собранието, по враќањето на опозцијата, на почетокот на септември, било истакнато на денешната средба меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и новоименуваниот […]

Груевски пристигна на средба со Хан и со европратеничката тројка

14 јули 2015

Премиерот Никола Груевски, придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, пристигна во резиденцијата на Европската унија на средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, и со европратеничката тројка, Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит. Претходно во резиденцијата на ЕУ средба со Хан имаше […]

Ахмети: Постои подготвеност за решавање на кризата

14 јули 2015

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, изјави дека постои подготвеност за решавање на кризата, но одби да ги открие предлозите. – Сметам дека најбитен момент денеска е сите политички партии да ги надминат своите интереси и да ги постават државните пред партиските интереси. Според мое мислење […]

Хан на средба со Ахмети и со Тачи

14 јули 2015

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, ги почна средбите со лидерите на политичките партии. Како што јавува „Телма“, во тек се средбите со лидерите на албанските партии, Али Ахмети на ДУИ и Мендух Тачи на ДПА. Хан ќе има одделна средба и со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, а потоа ќе се […]

Ахмети на средба со Нуланд: Неприфатливо е продолжувањето на политичката криза

13 јули 2015

„Неприфатливо е продолжувањето на политичката криза бидејќи целото општество е во очекување на решение и на продолжување на нашиот евроатлантски пат“, оценил претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на денешната средба со помошничката на државниот секретар на САД за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, која е во еднодневна посета на земјава. „Лидерот […]

Ахмети на средбата со амбасадорот Бејли: Да се почитува договорот од 2 јуни

17 јуни 2015

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска се сретна со амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, во седиштето на партијата во Тетово, на која, како што соопштуваат од ДУИ, разговарале за политичката криза по разговорите во Брисел. „Претседателот Ахмети истакна дека договорот од 2 јуни треба да се почитува од сите потписници […]

Протестен марш на „Беса“: Oставки на Груевски и на Ахмети и нов договор за државата

13 јуни 2015

Со говори на активисти, политичари, лица од невладини организации, на бина поставена на почетокот на мостот Гоце Делчев, во близина на Владата, заврши денешниот мирен протестен марш на политичкото здружение „Беса“. На протестот, демонстрантите упатија три барања: „оставка од антиалбанската, инкриминирана и корумпирана влада на Никола Груевски и на Али Ахмети, расветлување на сите албански […]

Ахмети се приклучи на средбата Хан-Груевски-Заев

2 јуни 2015

Во резиденцијата на ЕУ на Водно, каде се водат разговорите на еврокомесарот Јоханес Хан со Груевски и со Заев, пристигна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Него го пречека амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав. Во придружба на Ахмети се министерот за образование, Абдилаќим Адеми, и Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на […]

Заев насамо со Бејли и со Орав на паузата од лидерската средба

18 мај 2015

По 40 минути од втората лидерска средба, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА излегоа на консултации, а претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одржува одвоена средба со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав. Засега нема информации како течат преговорите. Тимот на ВМРО-ДПМНЕ е засилен со министерот за здравство, Никола Тодоров. Али Ахмети […]

Нема договор – лидерската средба продолжува в понеделник

14 мај 2015

Лидерската средба заврши без конечен договор. Сите партии останаа на своите ставови. Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Никола Груевски, Али Ахмети и Манедух Тачи, в понеделник повторно ќе се сретнат, а дотогаш ќе се работи рамката за договорот. Амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, ја напуштија […]

Заев насамо со Бејли и со Орав

14 мај 2015

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, остана сам со амбасадорите на САД, Џес Бејли, и на ЕУ, Аиво Орав, откако другите лидери ја напуштија салата за состаноци. Мендух Тачи и Али Ахмети се на заедничка маса со министерот за надворешни работи Никола Попоски, подоцна им се приклучи и премиерот Груевски. Нема информации зошто Заев остана сам […]

Ахмети: Ние сме наследници на ОВК

19 април 2015

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од Струга порача дека тие се наследници на ОВК и дека имаат изградено вредности со кои можат да се справат со тешкотиите што доаѓаат однадвор, но и однатре. – ДУИ има постулати и ние ги почитуваме. ДУИ не е организација формирана некој да ја искористува. ОВК  беше формирана како резултат на неправдите […]

Страна 1 од 2