fbpx

Ахмети: Итно да се спроведе Договорот од Пржино

-

Денеска во седиштето на партијата во Тетово, претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, ја пречека делегацијата на европратеници предводена од Џани Питела, претседател на групата на социјалистите и на демократите во Европскиот парламент, Кнут Фленкенштајн, потпретседател на групата на социјалистите и на демократите во Европскиот парламент, како и поранешниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Ричард Ховит.

Тој ги информирал европратениците дека деновиве ги претставил ставовите на ДУИ пред лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ околу итноста да се заклучи Договорот од 2 јуни, барајќи од нив да размислуваат за државата и за граѓаните, а не за партиите.

Како што соопштија од ДУИ, лидерот на партијата истакнал дека ДУИ го ревидирала својот пристап, и покрај фактот дека е конструктивен дел и придонесува за постигнување на решение и смета дека Договорот нема алтернатива.

– ДУИ постојано помага во решавањето на отворените прашања и е партнер на меѓународната заедница, но смета дека одговорноста треба да ја поделат и македонските партии. Спроведувањето на Договорот овозможува враќање на евроатланската агенда, која е апсолутен приоритет на граѓаните на земјата, особено на Албанците – рекол Ахмети.

Европратениците побараа строго спроведување на Договорот за продолжување на преговорите за членство во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Нема казни за предизвикувањето на шумските пожари

Пожарите, покрај поплавите, се најчестите природни непогоди кои се случиле во земјата во изминатите две децении. Најчесто ги има во периодот меѓу март и септември, што укажува дека се...