Зијадин Села на лидерската средба кај претседателот Пендаровски на 18.05.2020 г. | фото: Арбнора Мемети

Лидерите на албанските политички партии во земјава денеска го остварија своето право на глас, при што секој од нив изјави дека се надева на победа во албанскиот политички кампус.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети гласаше во Зајас, Кичево. Ахмети по гласањето изјави дека посакува регуларен процес и да се почитуваат здравствените препораки. Тој исто така рече дека земјата ја очекува многу работа на патот кон евро-интеграциите.

Се отвора нова страница во историјата на оваа земја, за членството во Европската Унија, при што победниците имаат историска одговорност да ги исполнат потребните услови за ЕУЌе треба да се поработи на подигнување на стандардот за подобар живот, подобро образование и здравство. Значи, ќе има многу работа за да се исполнат барањата и очекувањата на населението. Јас сум убеден дека ќе успееме во тоа. Нашата платформа е позната, очекувам победа во албанскиот кампус”, изјави Aхмети.

Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, кој гласаше во Тетово, рече дека овие избори се многу важни за Македонија во однос на тоа дали ќе продолжи на нејзиниот евроатлантски пат или ќе се уназади.

Во овие избори имаме златна можност да гласаме, за продолжување на евро-атлантскиот процес и патот на Македонија, како што станавме дел од НАТО, да станеме и дел од Европската Унија за да станеме дел од развиениот свет и бидеме меѓу напредните светски народи”, истакна Касами. 

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, гласаше во селото Ливадиште, Струга. Села по гласањето нагласи дека политичката партија на власт од албанскиот блок извршила неправилности и притисоци врз гласачите.

И денес се обидуваат во неколку гласачки места да предизвикаат проблеми. Ме известија дека во Велешта имало еден инцидент, треба да го прашате началникот на полициската станица во Струга за да го пријави инцидентот, а не да го прикрива. Но секогаш велам, кога народот посакува промена, никој не може да го спречи. Промената ќе дојде и граѓаните ќе бидат слободни”, рече Села. 

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши гласаше во Синѓелиќ, општина Гази Баба. Тој рече дека процесот се одвиваше според предвидените протоколи, а посака на изборите да победи тој што е најкорисен за општеството.

Посакувам и верувам дека со 15 јули ќе започне ново поглавје во нашата политичка историја и посакувам да биде добро за сите граѓани. Основа на демократијата е граѓаните да излезат и сами да одлучат за нивната судбина. Нека ова биде свечено за нашата земја и за граѓаните, а нека победи тој што е најкорисен”, рече Гаши.