fbpx

Ахмети бара Брисел и Вашингтон да се вклучат во решавањето на политичката криза

-

Лидерот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, се сретна со амбасадорот на Европска унија во Скопје, Аиво Орав, соопштија од ДУИ.

На средбата, Ахмети и Орав разговарале за политичката ситуација во Македонија, политичкиот дијалог, меѓуетничките односи, како и за интеграцијата на Македонија во Европската унија.

Ахмети истакнал дека почетокот на политичкиот дијалог во Брисел треба да се зајакне и да се унапреди што е можно поскоро за да се надмине политичката криза во земјата.

„Европската комисија треба директно да се вклучи со однапред одредена агенда за инволвираните страни, но, исто така, и да го следи судскиот процес кој ќе обезбеди кредибилитет и доверливост на сите страни“, рекол Ахмети.
Лидерот на ДУИ нагласил дека Вашингтон може да има конструктивна улога во охрабрувањето на страните да се вклучат за да се надмине политичката криза.

„ДУИ е одговорна партија и работи за интересите на сите граѓани и на државата, определена да биде дел од решението, а не дел од проблемот. Политичката криза влијае на очекувањата на граѓаните за една стабилна, безбедна Македонија, интегрирана во НАТО и да ги почне преговорите за членство во ЕУ, со добри меѓуетнички односи и добрососедството, како и оптимални услови за одржлив економски развој. Политичките партии треба да сторат сè што можат да се фокусираат на остварување на очекувањата на граѓаните, но и да покажат подготвеност за да се осигури стабилноста и демократскиот капацитет на националните институции за да се справат со политичка криза“, рекол Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...