fbpx
Таг: Собрание

таг: Собрание

Грчева: Ниту со овој Изборен законик нема надеж за плурализам

Точно е дека оваа политчка криза требаше да заврши со договор, но спорна е процедурата и голем број одредби од Изборниот законик, рече независната пратеничка Солза Грчева на пленарната собраниска седница на која се расправа за Изборниот законик. Според Грчева, Изборниот законик не остава простор за плурализам и за праведен натпревар меѓу сите политички партии. - Исто како во народната изрека „Сложни браќа...

Законите од Пржино ги поминаа собраниските комисии

Завршија комисиските расправи за пакетот закони за кои политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во петокот постигнаа договор. Најдолга расправа имаше за измените на Кривичниот закон и за законот за приватност. Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, рече дека законот за приватност не е доволно добар, но за да не го кочат процесот, тие нема да...

СДСМ: Владејачката партија не сака денеска да се изгласаат новите министри

Пратениците на СДСМ сметаат дека владејачката партија намерно не сака денеска да се изгласаат и предлозите за нови министри, па поради тоа пленарната седница и комисиските расправи се закажани толку доцна. Ова го изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, кој на пленарната седница побара законот за влада, наместо последна, да биде прва точка на дневниот ред. – Бараме законот...

Законите од Пржино, вечерва на пленарна седница во Собранието

Пратениците во Собранието го изгласаа дневниот ред на пленарната седница, на која како единствени точки се ставени законите што политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, ги усогласија во петокот. Образложение за дневниот ред даде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој рече дека поради повисоки државни интереси овие точки треба да се донесат по скратена постапка. Втор за збор...

Делегација на Собранието ќе положи свежо цвеќе по повод примирјето од 1918 година

Делегација на Собранието на Република Македонија денеска ќе положи свежо цвеќе на Француските гробишта во Битола и на Германските гробишта во Прилеп по повод одбележувањето на примирјето од 1918 година и во спомен на загинатите, повредените, исчезнатите и на раселените лица од сите војни. Собраниската делегација ја предводи потпретседателот на Собранието, Рафиз Алити, а во состав Љубиша Николиќ, претседател на...

Пратениците денеска треба да гласаат за пакетот закони договорени од работните групи

Пакетот закони што политичките партии потписнички на Договорот од Пржино ги договорија, според најавите на политичарите, денеска треба да се најдат пред пратениците во Собранието. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски,  пак, вели дека сè уште не се знае дали законите денеска ќе бидат процесуирани во Собрание. - Треба да имаме координација со претседателот на Собранието, па дури потоа ќе знаеме...

Во Хрватска утре се одржуваат редовни парламентарни избори

Хрватските граѓани утре ќе гласаат на редовни парламентарни изобри, кои се оценуваат како најнеизвесни и на кои малку е веројатно двете најголеми партии, СДП и ХДЗ, да го освојат мнозинството потребно за формирање влада. Според последното истражување на јавното мислење, кое за емисијата „Дневник“ на „Нова ТВ“ ја објавила агенцијата ИПСОС, двете политички партии и нивните коалиции в понеделник би...

Договорениот пакет закони в понеделник во Собрание

Изборниот законик, законот за влада и законите за приватност и за „свиркачи“ в понеделник ќе бидат на дневен ред во Собранието. Како што велат од СДСМ, треба уште еднаш да се разгледаат и да се препрочитаат сите регулативи за кои партиите се согласија вчера, па потоа да се дадат во Собрание за пратениците да ги разгледуваат и да ги потврдат. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Собранието денеска продолжува со 71. седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 71. седница, на чиј дневен ред се повеќе точки. Пред пратениците денеска се предлог-закони за финансиско задложување на државата, за реализација на проекти од гасната и од патната инфраструктура, како и изменување на закони по скратена постапка. На дневен ред на Собранието, меѓу другите точки, се и измените на Законот за задолжителни нафтени резерви,...

Расправата за буџетот во Собранието закажана за 16 ноември

Расправата за буџетот е закажана за 16 ноември во 12 часот. - Владата го достави дополнетиот предлог за буџетот за 2016 година до Собранието на Република Македонија. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, свика нова пленарна седница за 16 ноември во 12 часот - соопштија од кабинетот на претседателот на парламентот.

Пратениците денеска ќе гласаат за буџетот на Јанева

Пратениците на денешната седница на Собранието ќе треба да го одобрат буџетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за таа да може да работи. Средствата во износ од 63.420.428 денари или околу еден милион евра, како што се посочува во одлуката, се наменети за непречено работење и за автономно функционирање на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои...

Повеќе закони на 71. седница во Собранието

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 71. седница, на чиј дневен ред се 118 точки. Пратениците, меѓу другото, треба да расправаат за предлозите за изменување и за дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик, на Законот за заштита на културното наследство, на Законот за експропријација и на Законот за јавните набавки. На дневен ред се и предлог-измените...

Пратениците ќе расправаат за проблемот со иселувањето од Македонија

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата за проблемот со сè поголемото иселување, особено на младите, од Македонија, на предлог на опозициските пратеници. На дневен ред на продолжението на 67. седница е и предлог-законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка.

Дескоска до Груевски: Со еден потпис можете да го спасите народот од Тодоров

Барање за разрешување на министерот за здравство, Никола Тодоров, му остави пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска, на премиерот Никола Груевски, на денешната седница посветена на пратенички прашања. Таа рече дека како барател е потпишан премиерот и дека ако не го потпише барањето, ќе докаже само дека Тодоров е негов извршител на лошите политики. Од премиерот доби одговор дека секое...

Министрите денеска ќе одговараат на пратенички прашања

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржат 72. седница на која пратениците ќе поставуваат прашања до членовите на Владата. Ова е втора седница за пратенички прашања откако опозицијата се врати во Собранието. Седниците за пратенички прашања се одржуваат секој последен четврток од месецот.

Денеска во Собранието ќе се одржат седници на три комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се предлог-измените на Законот за договорен залог и предлог-законот за амнестија, двата во прво читање. Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа по предлог-измените...

Собраниски седници на комисиите за економија, транспорт и за одбрана

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за транспорт, врски и екологија и за одбрана и безбедност. На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог-законите за дополнување на законите за концесии и за јавно-приватно партнерство и за енергетика, во прво читање, а на Комисијата за транспорт ќе се расправа за предлогот за...

Европската унија апелира на дијалог во Црна Гора

Делегацијата на Европската унија во Црна Гора изрази загриженост поради судирите меѓу полицијата и демонстрантите, за време на протестите во Подгорица и апелираше на враќање на политичкиот дијалог. - Очекуваме од надлежните органи ефикасно да ги истражат сите инциденти во согласност со принципите на владеење на правото. И додека демонстрациите претставуваат легитимен и легален начин на изразување на политички и...

Собранието му испрати мислење на Уставниот суд за законот за специјално обвинителство

Собранието му испратило мислење на Уставниот суд за законот за специјалното обвинителство, чија уставност ја оспори адвокат од Свети Николе, објави телевизијата „24 Вести“. Од кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за телевизијата соопштиле дека стручните служби го изработиле мислењето, а генералниот секретар, Жарко Денковски, го испратил до Уставниот суд. Како што пренесува „24 Вести“, од кабинетот на Вељаноски не...

Собранието не му одговара на Уставниот суд за законот за специјално обвинителство

Уставниот суд поднесе барање за толкување на законот за специјалното јавно обвинителство, но некои луѓе во Собранието сметаат дека тоа барање не треба да се стави на дневниот ред, вели олеснувачот Питер ван Хојте. - Иако законот за специјален јавен обвинител е многу јасен и конкретен, сепак неговата работа е закочена - вели тој. Советот на јавни обвинители не сака да ги...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...