fbpx

Законите од Пржино ги поминаа собраниските комисии

-

Завршија комисиските расправи за пакетот закони за кои политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во петокот постигнаа договор. Најдолга расправа имаше за измените на Кривичниот закон и за законот за приватност.

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, рече дека законот за приватност не е доволно добар, но за да не го кочат процесот, тие нема да прават никаков застој.

Тој рече дека со овој закон се овозможува кој сака и како сака да ја злоупотребува приватноста на луѓето и дека најоштетени од овој закон ќе бидат граѓаните.

Пратеничките Солза Грчева и Роза Топузова-Каревска рекоа дека целата оваа ситуација е вулгаризирање на законодавниот дом и дека не е во ред само четворица лидери на политички партии да одлучуваат за сите граѓани.

Во еден момент расправата прерасна во конфронтација помеѓу пратениците за тоа кој е поголем патриот и кој повеќе си ја сака државата.

По двочасовната расправа на Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, расправата во Законодавно-правната комисија заврши за неполни пет минути.

Законите во моментов се разгледуваат на пленарна седница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...