Делегација на Собранието ќе положи свежо цвеќе по повод примирјето од 1918 година

Делегација на Собранието на Република Македонија денеска ќе положи свежо цвеќе на Француските гробишта во Битола и на Германските гробишта во Прилеп по повод одбележувањето на примирјето од 1918 година и во спомен на загинатите, повредените, исчезнатите и на раселените лица од сите војни.

Собраниската делегација ја предводи потпретседателот на Собранието, Рафиз Алити, а во состав Љубиша Николиќ, претседател на групата за соработка на Собранието на Република Македонија со парламентот на Француската Република, Васко Ковачевски, член на групата за соработка со парламентот на Република Германија, и Лиман Авдиу, државен советник, секретар на групата за соработка со Француската Република.

Положувањето на венецот свежо цвеќе на Француските гробишта во Битола е закажано за во 11 часот, а на Германските гробишта во Прилеп – во 13 часот.