fbpx

Денеска во Собранието ќе се одржат седници на три комисии

-

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се предлог-измените на Законот за договорен залог и предлог-законот за амнестија, двата во прво читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа по предлог-измените на Законот за финансиска дисциплина во прво читање, а Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа предлог-буџетот на Република Македонија за 2016 година во второ читање и предлог-законот за извршување на буџетот по скратена постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.