fbpx

Попоски со политички и со економски средби во Јапонија

-

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во рамки на работната посета на Јапонија се сретна со челните луѓе на Јапонската организација за надворешна трговија (Japan External Trade Organization – JETRO) и со најголемата стопанска комора на Јапонија КЕИДАНРЕН.

Попоски беше домаќин и на работен ручек со парламентарниот заменик-министер за надворешни работи, Мики Јамада, на кој присуствуваа повеќе пратеници од јапонскиот Диет.

„На работниот ручек се разговараше за европската и за евро-атлантската интеграција на Република Македонија, актуелните европски и регионални случувања поврзани со мигрантско-бегалската криза, економските состојби во Република Македонија и за можностите за зголемување на билатералната соработка со Јапонија, особено на планот на економскиот развој и на инвестициската соработка, туризмот, образованието и на здравството. Министерот Попоски истакна дека Република Македонија е една од ретките европски држави што стипендираат домашни студенти кои ќе се запишат на некој од стоте најдобро рангирани универзитети во светот, меѓу кои има и јапонски универзитети. Поради тоа, министерот изрази уверување дека наскоро ќе се зголеми бројот на студенти од Македонија кои своето образование ќе го завршуваат токму во Јапонија“, се вели во соопштението од МНР.

На економските средби, најмногу внимание се посвети на претставување на инвестициските можности и поволности што ги нуди Република Македонија на странските инвеститори. Попоски ја истакна економската стабилност на Македонија како главна предност во време на финансиска криза.

Вечерва, министерот Попоски ќе присуствува на свеченото отворање на Амбасадата на Република Македонија во Токио, а неговата работна посета на Јапонија продолжува и утре, со реализација на неколку билатерални економски средби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Герила акција: Макета на јавен тоалет во Градскиот парк

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, денеска го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, а кое е дел од проект...