Актерот Рики Џервејс ќе добие шанса да ја води манифестацијата „Златен глобус“ по пауза од три години.
Англискиот актер, комичар и водител е назначен да биде домаќин и водител на „Златен глобус“, на церемонијата во 2016 година. Тој претходно ја извршуваше оваа должност трипати (во 2010, 2011 и во 2012 година), и покрај тоа што доби одлични рејтинзи и критики од публиката пред „малите екрани“, тој доби и силни критики за експлицитниот хумор.
Доделувањето на наградите „Златен глобус“ ќе се одржи на 10 јануари 2016 година, во хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес.