fbpx

Собраниски седници на комисиите за економија, транспорт и за одбрана

-

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за транспорт, врски и екологија и за одбрана и безбедност.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог-законите за дополнување на законите за концесии и за јавно-приватно партнерство и за енергетика, во прво читање, а на Комисијата за транспорт ќе се расправа за предлогот за изменување и за дополнување на годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година.

Членовите на Комисијата за одбрана и за безбедност, пак, треба да расправаат за предлог-законот за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонја, во прво читање, поднесен од пратници од опозиција, како и за предлог-законот за дополнување на Законот за одбрана – во прво читање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија е омилена земја за странските студенти

Германските универзитети сè повеќе привлекуваат странски студенти, со рекордни 370.000 запишани студенти од странство во минатогодишниот зимски семестар, покажуваат податоците на Германската служба за академска размена (ДААД), пишува германската...