fbpx
Таг: Собрание

таг: Собрание

Уставниот суд со конечна одлука: Избори на 5 јуни дефинитивно нема

Уставните судии на денешната седница едногласно ги поништија двете одлуки за распуштање на Собранието донесени на 18 јануари и на 23 февруари оваа година, потврдија за „Мета“ од Уставниот суд. - Се поништува одлуката за распуштање на Собранието од 18 јануари и одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието од 23 февруари, 2016 година. Оваа одлука на Уставниот суд...

Уставниот суд одлучува за законитоста на распуштањето на Собранието

Уставниот суд денеска треба да одлучи за уставноста и законитоста на одлуките за распуштање на Собранието, со одложено дејство, од 18 јануари и 23 февруари, оваа година. На минатата седница, одржана пред точно една недела, уставните судии едногласно прифатија да ја разгледуваат иницијативата поднесена од Демократската унија за интеграција (ДУИ), со која се оспорува распуштањето на Собранието. Судиите, во меѓувреме, донесоа...

„Шарената револуција“ им порача на власта и полицијата: Имаме став наместо страв!

Неколку стотици граѓани денеска на протестот на „Шарената револуција“ со бојадисување на оградата на Владата, на зградата на Министерството за правда и на Собранието и порачаа на власта дека не се плашат од полициските сослушувања и снимања. На протестот, кој се одржа под паролата „Став наместо страв“ говореа активистката Рената Јајоска и пратеничката на СДСМ, Лидија Димова. https://twitter.com/meta_agency/status/735158932465963008 - Ќе протестираме се...

За каква влада преговараат: Техничка, коалициска, концентрациона, привремена…

Некаков вид преодна влада, до следните парламентарни избори, сигурно ќе има, судејќи по изјавите и на власта и на опозицијата. Директорот на Центарот за комуникации на владејчката партија, Иво Котевски, вчера за „Мета“ изјави дека партијата  е подготвена и има намера да го почитува Договорот од Пржино, кој предвидува формирање на техничка влада за организирање на избори кои треба...

Почина актерот Велимир Бата Живоиновиќ

Легендарниот српски актер Велимир Бата Живоиновиќ починал синоќа во болница во Белград, на 83-годишна возраст, објавија српските медиуми. Големиот актер подолго време се бореше со болеста. Живоиновиќ глумеше во огромен број серии и филмови и повеќе од шест децении беше еден од најсаканите балкански глумци. Живоиновиќ се занимаваше со политика, а во неколку мандати беше и пратеник во српскиот парламент.

Ниту вистинските куршуми не можат да ја убијат „Шарената револуција“

Не се плашиме! Ниту вистинските куршуми не можат да ја убијат идејата за „Шарена револуција“, порачаа демонстрантите обединети под граѓанската иницијатива „Протестирам“ кои денеска и покрај дождливото време излегоа на протест во Скопје. Граѓаните кои месец и полoвина протестираат против одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и нивни соработици, потсетија зошто се на улица и повторно, фрлајќи...

Коцијанчич: Аболицијата да се поништи за да нема селективна правда

Европската комисија го следи последниот развој на настаните, изјави портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашање на „Мета“ како ја коментираат одлуката на Собранието за селективна аболиција и какви мерки би можеле да следат од Брисел. - Нашата позиција е многу јасна за ова посебно прашање, а таа е изразена во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за...

Иванов експресно ги потпиша законите за селективна аболиција и за „бомбите“

Претседателот Ѓорге Иванов ги добил и веќе ги потпишал законите кои пратениците ги изгласаа на вчерашната седница на Собранието. Законите влегуваат во сила кога ќе објават во Службен весник. Пратениците на вчерашната седница ги изгласаа законите за помилување („селективна аболиција“), за заштита на приватноста („бомбите“ да не се објавуваат после 1 јули 2017), за лични податоци и законот за изменување и...

Ахмети до Хајндл: Последните чекори ја вратија стабилноста на земјата

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во седиштето на ДУИ во Тетово на средбата со специјалниот претставник на Владата на Германија, Јоханес Хајндл, изјавил дека последните чекори ја вратија стабилноста и безбедноста и се предуслов за спроведување на реформите кои ќе доведат до веродостојни избори. „Ахмети му се заблагодари на амбасадорот Хајндл за посетата и го запозна со...

Хајндл: Државните интереси треба да се стават над политичките

Мојот став е ист со последното соопштение на високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини. Значи треба државните интереси да се стават над политичките, изјави германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл по средбата со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи во Тетово. Тачи, пак, само прокоментира дека состојбата е многу лоша, дури и полоша...

Тачи и Роберт де Хроут во Тетово разговараа за политичката криза

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со делегација на Министерството за надворешни работи на Холандија, предводена од државен директор за европска соработка при холандското МНР, Роберт де Хроут. На средбата се разговарало за политичката криза во земјата и за ставовите на ДПА како да се надмине оваа ситуација, како и други прашања од...

ДУИ бара аболираните да му пишат на Иванов, а тој веднаш да ја повлече одлуката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево преку соопштение го поздрави донесувањето на измените на Законот за помилување во Собранието и побара од аболираните лица да бараат од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да ја повлече одлуката, а од него веднаш да дејствува. „По создавањето на законските услови за повлекување на одлуката за помилување, ДУИ, како потписник на Договорот од Скопје...

Вајгл, Кукан и Ховит повикаа на одговорност на лидерите во интерес на граѓаните

Тројцата европарламентарци Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан кои посредуваа во постигнувањето на Договорот од Пржино денеска во заедничка изјава ја изразија својата загриженост поради неуспехот на четирите партии во земјава да постигнат заедничко решение за надминување на политичката криза, што, како што велат, води кон целосно распаѓање на Договорот. „Длабоко сме загрижени поради тоа што неодамнешниот дијалог меѓу...

Вељаноски и Хајндл согласни дека е потребна итна реализација на Извештајот на Прибе

Сите политички субјекти треба да го тргнат личниот интерес на страна и да го стават во преден план интересот на државата за доброто на граѓаните, како и да се преземат итни и решителни чекори за реализирање на забелешките од Извештајот на Прибе со цел земјата да се врати на патот на евроатлантските интеграции. Ова е заедничкиот став од средбата...

„Протестирам“ најавува блокади, окупации и пеколно лето

„Шарената револуција“ и „Протестирам“ денеска во 18 часот од СЈО ќе им порачаат на политичарите „блокирам“, „окупирам“ и „го менувам системот“. Од движењата велат дека по повеќе од една година протести, преговори меѓу партиските лидери и меѓународната заедница, државата стигнала до работ. Според граѓанските активисти, оваа криза не се решава со преговори, затоа што, како што велат со криминалци не се...

Заев: Измените на законот за помилување се противуставни, нема да одиме во Собранието

Пратеничката група на СДСМ и на опозицијата денеска нема да присуствува на седницата на Собранието на чиј дневен ред се измени на законот за помилување со кои ќе му се даде можност на претседателот на државата да ја повлече аболицијата за оние лица кои тоа ќе го побараат од него. Ова на денешната прес-конференција го изјави лидерот на СДСМ, Зоран...

По собраниската седница: Се е исто само Груевски го нема

Ако се покажат за точни шпекулациите дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повторно е заинтересиран за премиерската фотелја, состојбата во Македонија ќе се врати во периодот од пред Договорот од Пржино. Единствен белег од тој период ќе остане Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кое се уште е на стаклени нозе додека не се разгледа иницијативата за неговата уставност, поднесена до...

Јоханес Хајндл денеска повторно во Скопје

Специјалниот пратеник за Македонија на германското Министерство за надворешни работи, Јоханес Хајндл, денеска ќе допатува во дводневна посета на Скопје, соопштија од германската амбасада. „Надоврзувајќи се на неговата посета од минатата недела, aмбасадорот Хаjндл одново ќе разговара со партиите-потписнички на Договорот од Пржино како и со претставници на меѓународната заедница. Предвидени се и разговори со претседателот на државата, Ѓорге Иванов,...

Две иницијативи во Собранието за повлекување на аболицијата

До Собранието денеска треба да пристигнат две иницијативи за повлекување на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов. ДУИ најавува дека ќе предложат амандмани за дополнување на Законот за помилување со кои претседателот ќе има право да ја укине аболицијата за сите 56 лица или одделно да ја повлекува на барање на лицата што ги помилува. СДСМ бара Законодавно-правната комисија преку автентично толкување на Законот...

Собранието ги врати Чавков и Спасов за министри, за СДСМ тоа е погубно сценарио

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на почетокот на првата седница откако Уставниот суд ги стави во мирување сите претходно досени одлуки, ги констатираше оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ременски, како и на дополнителните заменици – министри од редовите на СДСМ. Веднаш потоа беа избрани „нови“ министри - Митко Чавков за министер...

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...