Легендарниот српски актер Велимир Бата Живоиновиќ починал синоќа во болница во Белград, на 83-годишна возраст, објавија српските медиуми. Големиот актер подолго време се бореше со болеста.
Живоиновиќ глумеше во огромен број серии и филмови и повеќе од шест децении беше еден од најсаканите балкански глумци.
Живоиновиќ се занимаваше со политика, а во неколку мандати беше и пратеник во српскиот парламент.