Уставниот суд со конечна одлука: Избори на 5 јуни дефинитивно нема

-

Уставните судии на денешната седница едногласно ги поништија двете одлуки за распуштање на Собранието донесени на 18 јануари и на 23 февруари оваа година, потврдија за „Мета“ од Уставниот суд.

– Се поништува одлуката за распуштање на Собранието од 18 јануари и одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието од 23 февруари, 2016 година. Оваа одлука на Уставниот суд произведува правно дејствие од денот на донесувањето – ни изјави генералната секретарка на Уставниот суд, Оливера Филиповска.

Со денешната одлука на уставните судии и официјално запираат сите активности со предвремените парламентарни избори.

На минатата седница, одржана пред точно една недела, уставните судии едногласно прифатија да ја разгледуваат иницијативата поднесена од Демократската унија за интеграција (ДУИ), со која се оспорува распуштањето на Собранието.

Судиите, во меѓувреме, донесоа времена мерка за запирање на сите активности и дејствија поврзани со изборите.

Прифаќањето на иницијативата и носењето на времената мерка отвори можност за повторно свикување на Собранието, што спикерот Трајко Вељаноски го направи истиот ден (во средата, минатата недела), на која пратениците едногласно го избришаа од Изборниот законик 5 јуни, како ден на кој треба да се одржат предвремените парламентарни избори. Нов датум за одржување на изборите не е предвиден.

Работилница за справување со дезинформации: Аплицирајте за обука, платено практикантство и можна посета на САД

Од 19 до 21 февруари во Тетово ќе се одржи тридневната работилница на тема Справување со дезинформации. Конкурсот за оваа работилница е во тек и на него може да се пријават...

Владата ги повика на консултации невладините организации за Извештајот за состојбата на НВО во 2024 година

Владата денеска упати јавен повик до невладините организации да земаат активно учество во изготвување на Извештајот за условите во кои работеа невладините организации во 2024 година. „Одделението за соработка со невладини организации...

Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од утре ќе престојува на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од...

Наставниците немаат доволно ресурси за да реализираат настава, утврдиле инспекторите

Во училиштата нема доволно дидактички материјали и дидактички ресурси за реализирање на наставата на сите наставни јазици (во тој опфат спаѓаат и асистивни технологии за ученици со посебни образовни потреби). Специјализираните...

Работилница за справување со дезинформации: Аплицирајте за обука, платено практикантство и можна посета на САД

Од 19 до 21 февруари во Тетово ќе се одржи тридневната работилница на тема Справување со дезинформации. Конкурсот за оваа работилница е во тек и на него може да...