fbpx

Заев: Измените на законот за помилување се противуставни, нема да одиме во Собранието

-

Пратеничката група на СДСМ и на опозицијата денеска нема да присуствува на седницата на Собранието на чиј дневен ред се измени на законот за помилување со кои ќе му се даде можност на претседателот на државата да ја повлече аболицијата за оние лица кои тоа ќе го побараат од него.

Ова на денешната прес-конференција го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, додавајќи дека овие измени на законот се противуставни.

– Измените кои денеска ги предлагаат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се противуставни. Тие кога и да е ќе паднат на Уставниот суд. Тие носат закони кои не се во интерес на граѓаните. Потенцирам дека СДСМ е против селективна аболиција, затоа што секој кој што направил криминал мора да одговара. Нема да дозволиме да бидеме соучесници во аболицијата, затоа и денеска нема да учествуваме во работата на Собранието – изјави Заев.

Тој рече дека и понатаму ќе преговара за излез од политичката криза и тврди дека враќањето на старите министри во владата е направено без нивно знаење и без нивна поддршка.

Заев не сакаше да каже кога би се одржале следните избори, но сепак потенцира дека тие треба да бидат брзи, веродостојни и демократски.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали е загрозено функционирањето на Специјалното јавно обвинителство, лидерот на СДСМ рече дека нема таква сила што би го сопрел гневот на народот, ако тоа се случи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...