fbpx
Таг: Собрание

таг: Собрание

Тачи: Целта на одлуката на Уставниот суд е да се врати старата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Имаме среќа што меѓународниот фактор сѐ уште мисли на нас. Да не оставеа сами на себе, ќе се самоубиевме до сега, изјави денеска претседателот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Азија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји - Во мојата политичка кариера од ништо не ми се гадело повеќе отколку од оваа одлука...

Џафери: Секој нормален пратеник ќе гласа за бришење на 5 јуни од Изборниот законик

Пратеникот и координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Талат Џафери денеска до Собранието поднесе предлог - измени на Изборниот законик со кои се бришат членовите во Законот каде што се напишани датумите за одржување на изборите. Џафери за „Мета“ вели дека во предлог - измените на законот нема нов датум, бидејќи за тоа одлучуваат лидерите на...

Вељаноски за денеска закажа седница на Собранието

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денеска во 16 часот закажа седница на Законодавниот дом. Тој преку соопштение ја информираше јавноста дека одлуката за свикување на Собранието ја донел согласно денешната одлука на Уставниот суд. „Како претседател на Собранието на Република Македонија, имајќи го во предвид денешното решение на Уставниот суд, ја информирам македонската јавност дека врз основа на сопствените надлежности...

Ахмети: Уставниот суд денеска донесе правилна одлука

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја поздрави денешната одлука на Уставниот суд, посочувајќи дека станува збор за прв, неопходен чекор во решавањето на политичката криза. „Jа поздравувам денешната правилна одлука на Уставниот суд која овозможува враќање во Собрание како прв чекор, неопходен за решавање на тешката политичка криза. Ги поканувам сите лидери, медиуми како и граѓанското општество...

Уставниот суд ги замрзна изборите и изборната кампања

Уставниот суд на денешната седница, покрај одлуката за поведување на постапка за оценување на уставноста на распуштањето на Собранието, донесе и времена мерка со која ги замрзна сите активности кои произлегуваат од спорните одлуки за распуштање на Законодавниот дом. Ова, како што појаснуваат од Уставниот суд за „Мета“, значи дека запираат сите дејствија, вклучително изборите, изборната кампања, изборните рокови и...

Уставниот суд направи прв чекор кон поништување на одлуката за распуштање на Собранието

Уставните судии едногласно ја изгласаа одлуката да поведат иницијатива за оценка на уставноста за распуштањето на Собранието. Конечната одлука дали распуштањето на Собранието е уставно, како што соопштија од Уставниот суд, ќе биде донесена наредната недела, а до тогаш ќе важи одлуката за времена мерка со која се запираат сите дејствија што произлегуваат од спорната одлука на Собранието. Уставниот судија, Исмет...

„Протестирам“ и „Шарената револуција“: Судии застанете на страната на правдата

„Протестирам“ и „Шарената револуција“ денеска јавно се обратија до судиите во Уставниот суд. Тие ги повикаа судиите „да застанат на страната на правдата“. „Судии, денес ќе треба да одлучите дали да поведете постапка по иницијативата за преиспитување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието. Да ве потсетиме дека таа Одлука беше донесена пред рокот предвиден за нејзино донесување, односно...

Уставниот суд расправа за уставноста на распуштањето на Собранието

Уставниот суд денеска расправа по иницијативата за испитување на уставноста и на законитоста на одлуката за распуштање на Собранието, што во петокот ја поднесе пратеникот на ДУИ, Талат Џафери. Информацијата за седницата на која ќе се расправа по оваа иницијатива беше објавена вчера на интернет-страницата на Уставниот суд со што беше променет целиот дневен ред за да се закаже само една...

Нема да дозволиме избори без избор, порачаа демонстрантите

Јас како виолинистка влегов во Собранието за да се борам против едноумието. Денеска повеќе од 20 години со вас повторно се борам против едноумието, истакна вечерва поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Ратка Димитрова, пред владата на Република Македонија, по протестниот марш кој заврши со прослава по повод една година од големиот протест на СДСМ и граѓанската коалиција. - Сакам да ве...

Левица: ВМРО-ДПМНЕ да ги уплати парите што планира да ги потроши за свој каприц

Левица предупредува дека во случај да се одржат избори на 5 јуни, ќе биде прекршен Уставот на Република Македонија. Како што соопштија од партијата, според Уставот, една од темелните вредности на уставниот поредок се демократски избори. „И оној што има најелементарно познавање од правото сфаќа дека најелементарен услов за демократски избори е да се има избор помеѓу две опции, а сега...

Заев за „Франс прес“: Знам дека избори нема да се одржат на 5 јуни

Во интервју за агенцијата „Франс прес“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека предвремените избори треба да се одложат додека не бидат исполнети условите за слободни и фер избори. „Знам дека избори нема да се одржат на 5 јуни“, рече Заев. Како што пишува во интервјуто, лидерот на СДСМ очекува дека сите политички партии на почетокот на следната недела, во согласност...

Вељаноски останува на ставот дека нема уставна можност да го свика Собранието

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, останува на својот став дека нема уставна можност повторно да се свика Собранието. По писмото што вчера Државната изборна комисија го упати до Вељаноски, а со кое го информира дека во одредени изборни единици има отстапување за повеќе од 5 отсто според бројот на гласачи, од кабинетот на собранискиот спикер информираат дека писмото од ДИК е само...

Манчевски: Додека не се поништи аболицијата, можност за преговори нема

„Избори на 5 јуни нема да има, тоа вчера го констатираше и ДИК. Режимот се урива по сите основи“, рече денеска на прес-конференција Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. - И дијаспората кажа „не“ за наместени избори. Во согласност со официјалните податоци од ДИК, во дијаспората за гласање се регистрирале вкупно 4.848 гласачи. Тоа значи дека дури и Груевски насила да сака да...

Времето е прекратко за одлука на Уставниот суд за иницијативата на ДУИ за Собранието

Премногу е краток рокот за да можат уставните судии да одлучат по иницијативата на ДУИ за оценување на одлуката за распуштање на Собранието, тврдат за „Мета“ извори од највисоката судска институција. Оттаму велат дека најкраткиот рок во кој Уставниот суд донел одлука бил оценката за уставноста за измените на Законот за помилување од 2009 година, со што се овозможи да...

ДУИ поднесе иницијатива до Уставен суд за одлуката за распуштање на Собранието

ДУИ поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието, потврди портапаролот на партијата, Бујар Османи, за „Мета“. Тие бараат Уставниот суд да ја оцени одлуката на Собранието за распуштање како неуставна, со што ќе му се овозможи на парламентот повторно да заседава. Извори од Уставниот суд за „Мета“ велат дека времето е прекратко за одлука...

Демократски сојуз бара да се почне постапка за одговорност на Иванов

Демократскиот сојуз ги повикува парламентарните партии што не доставија листи за пратеници и не учествуваат во изборниот процес, да се приклучат на иницијативата за одржување итна седница на Собранието на Република Македонија. На седницата би се донела одлука за откажување на изборите и да се почне постапка за одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради злоупотреба на функцијата. „Со потпис на 63 пратеници,...

Ахмети на „Фејсбук“: ДУИ ќе побара итно да се свика Собранието

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, преку својата фејсбук-страница најави дека неговата партија ќе поднесе иницијатива за итно свикување на Собранието. „Последните случувања во земјата и одењето на избори на 5 јуни, без учество на ДУИ, СДСМ и на ДПА, не претставуваат почеток на решавање на политичката криза, туку на нејзино продлабочување. Ние сме посветени да се најде решение во согласност со интересите на нашите граѓани...

ДИК: Нема избори ако нема листи со кандидати за прaтеници

Ако до утре на полноќ, последниот рок за доставување листи на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК), не пристигне ниту една кандидатска листа, Комисијата има само една можност - да ја констатира таквата состојбата. Како што велат за „Мета“ од ДИК, тоа е новонастаната состојба, која не е предвидена во Изборниот законик. Оттаму брифираат, дека доколку се реализира...

Доделени наградите „Гоце Делчев“ за остварувањата во областа на науката

Во Кристалната сала на македонското Собрание вчера беа доделени наградите „Гоце Делчев“ за највредни остварувања во науката во текот на претходната година. Годинешни добитници на престижната државна награда се академикот Ѓорѓи Филиповски, проф. д-р Јосиф Митрикески, проф. д-р Татјана Миткова, доцент д-р Миле Маркоски, проф. д-р Диме Петковски, проф. д-р Душко Мукаетов, проф. д-р Марјан Андреевски и проф. д-р Коле...

ВМРО-ДПМНЕ: Средствата од ДХВ се за финансирање на редовните расходи од буџетот

„Уште во 2003 година, тогашниот министер за финансии има донесено стратегија за развој на пазарот на државни хартии од вредност, во која се вели дека државните хартии од вредност (ДХВ) ќе ѝ помагаат на Владата за поефикасно финансирање на буџетскиот ликвидносен јаз кој е детерминиран од временската неусогласеност на јавните приходи и расходи, односно буџетскиот дефицит, и истовремено за...

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Граната за која се претпоставува дека е од Првата светска војна вчера била однесена во полициската станица во Берово, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), предупредувајќи дека ваквата...