fbpx

Нема да дозволиме избори без избор, порачаа демонстрантите

-

Јас како виолинистка влегов во Собранието за да се борам против едноумието. Денеска повеќе од 20 години со вас повторно се борам против едноумието, истакна вечерва поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Ратка Димитрова, пред владата на Република Македонија, по протестниот марш кој заврши со прослава по повод една година од големиот протест на СДСМ и граѓанската коалиција.

– Сакам да ве потсетам на минатогодишниот 17 мај, кога народот се собра да протестира против неправдата. Тој народ ја казни власта која се одрекла од општественото добро и забраздила во криминал. Власта сака да направи монопартиска и моноетничка влада, а најцинично во сето тоа е што ова го бранат со Уставот. Од ова место им порачувам „но пасаран“ – рече Димитрова.

Според Исмет Рамадани, поранешен пратеник, порано се мислело дека демократијата е лесно дофатлива, но излезе дека не било така.

– Ние им нудиме правда, дијалог и слободни институции, но тие не сакаат да прифатат. Тие сакаат народни пари, аболиција и амнестија. Тие бараат само да ги амнестираат, а стројник на Груевски во сето ова е Ахмети. Зарем не сфаќаат дека овие граѓани од „Шарената револуција“ никогаш нема да го дозволат тоа – рече Рамадани.

Граѓанскиот активист Луми Бекири порача дека вечерва протестира за човековите права.

– Никола Груевски ни наметна насилно хетеро-фашистичко лудило кое денес го живееме. Денес исто така протестирам затоа што е 17 мај, а тоа е голем ден во историјата на Македонија. Исто така тоа е меѓународен ден за борба против хомофобијата и трансфобијата. Сите знаеме дека ЛГБТ заедницата беше мета на вербална, психичко и физичко насилство. ЛГБТ центарот беше кршен шест пати и се уште никој не одговарал за тоа. Не е срамота да љубиш, срамота е да крадеш, да лажеш и да убиваш. Впрочем, срамота е да си вмровски функционер и нивни поддржувач – рече Бекири.

Дамјан Манчевски од СДСМ, рече дека вечерва не зборува како политичар, туку како граѓанин кој протестира.

– Бев тука лани на овој ден. Бев 60 дена со граѓаните кои се бореа против режимот, а тука сум и сега. Протестирам 10 години и горд сум на тоа. Протестирам со луѓе кои не ги познавам, но протестирам со луѓе кои се борат за правда, слобода и подобри услови за живот. Собранието мора да се свика повторно. Исто така мора да се поништи аболицијата на Иванов, а Уставен суд да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство за тоа да може да работи. Но, тука борбата не завршува, таа ќе заврши кога сите барања на граѓаните ќе се се исполнат – заклучи Манчевски.

Граѓaните кои протестираат и денеска ги боеја Собранието, Портата „Македонија“ и објектот на Владата каде маршот заврши со музичка програма.

Во рамките на протестот одбележан беше и денешниот ден на борба против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата.

Граѓаните носеа транспаренти на кои пишува: „Шарам, правда барам“ „Избори без избор нема да дозволиме“ , како и слики од политичари и познати имиња од естрадата кои ги повикуваат да им се придружат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...