fbpx

Манчевски: Додека не се поништи аболицијата, можност за преговори нема

-

„Избори на 5 јуни нема да има, тоа вчера го констатираше и ДИК. Режимот се урива по сите основи“, рече денеска на прес-конференција Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

– И дијаспората кажа „не“ за наместени избори. Во согласност со официјалните податоци од ДИК, во дијаспората за гласање се регистрирале вкупно 4.848 гласачи. Тоа значи дека дури и Груевски насила да сака да глуми избори, во дијаспората нема да се организира гласање. Уште еднаш бараме итно да се свика Собранието за да продолжи со работа и итно да се поништи одлуката на Иванов за аболиција – изјави Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали по средбите со специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл постои можност за нови преговори меѓу четирите политички партии, Манчевски рече дека додека не се поништи аболицијата и не се свика Собранието, можност за преговори нема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...