fbpx

За десетици белгиски војници постои сомнеж дека се радикализирани муслимани

-

Неколку десетици војници од белгиската армија се набљудувани од военото разузнавање затоа што за нив постои сомнеж дека се радикализирани муслимани, јавуваат белгиските медиуми, повикувајќи се на информации од министерот за одбрана, Стевен Вандепјут.

Досега ниту еден војник не бил отстранет од служба поради радикален ислам.

Локалните медиуми јавуваат и дека се спроведувале проверки во однесувањето на лица вработени во белгиската железница.

Неодамна беше соопштено и за случаи на вработени во аеродромот во Брисел, во градскиот транспорт, па дури и во компаниите за чистење уличен смет, кои преминале во радикален ислам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.