понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: муслимани | 27 резултати

Утре почнува рамазанскиот пост за муслиманските верници

мај 15, 2018

Муслиманите утре изутрина во 3.10 часот ќе го почнат постот за Рамазан Бајрам, еден од двата најзначајни муслимански празници. Во наредните триесет дена, верниците ќе постат секој ден од изгревањето до заоѓање на Сонцето. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. […]

Орбан: Муслиманските мигранти ќе доведат до појава на паралелни општества

јануари 8, 2018

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во интервју за германскиот весник „Билд“ тврди дека милијардерот со унгарско потекло, Џорџ Сорос заработил на „казино капитализам“ и дека се однесува како шеф на држава без држава. Со потенцирање дека Унгарија не сака мигранти, Орбан додаде дека Сорос финансирал 60 невладини организации кои ја поддржуваат миграцијата во Европа. -Голем […]

Судија ја прошири листата на лица што можат да патуваат во САД

јули 14, 2017

Американскиот окружен судија Дерел Вотсон наредил да се прошири листата на лица кои можат да влезат во САД од шесте земји со мнозинско муслиманско население, за кои Трамп донесе забрана за влез во државата. Судијата дозволил баби, дедовци, внуци, зетови, балдзи, тетки, чичковци на луѓе кои живеат во САД да влезат во земјата. Вотсон рекол […]

Стејт департментот воведува нови правила за издавање американска виза

јуни 29, 2017

Американската влада постави нови критериуми за вадење виза за шест претежно муслимански земји и за бегалци, според кои за да добијат виза, потребно е да имаат „блиско“ сродство или деловни врски во САД. Според насоките на Стејт департментот, граѓаните на Сирија, Судан, Сомалија, Либија, Иран и на Јемен, ако сакаат да патуваат во САД, мора […]

Курц смета дека треба да се затворат градинките за деца муслимани во Виена

јуни 22, 2017

Министерот за надворешни работи и шеф на Народна партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц, смета дека треба да се затворат градинките за деца муслимани во Виена кои ги посетуваат 10.000 деца, пишуваат австриските медиуми. Тој додал дека таквите градинки, јазично и културно се целосно одвоени од мнозинството во општеството. Според него, клучот е во успешна […]

Еден загинат и десет повредени при удар на комби во пешаци пред џамија во Лондон

јуни 19, 2017

Едно лице загинало, додека десет се повредени утрово кога комби ударило во пешаци во близина на џамија во северниот дел на Лондон. Случајот, како што јавуваат светските агенции, го истражуваат припадници на британската антитерористичка единица. Комбито ударило во муслимански верници, во моментот додека тие излегувале од утринската рамазанска молитва од џамијата во Финсбури парк. Најголемата британска […]

Постојат и подобри места за живот според исламските прописи од Европа, им порача Шојбле на мигрантите

април 13, 2017

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, изјави дека муслиманите кои мигрираат кон Европа треба да сфатат дека постојат и подобри места за живот доколку не сакаат да го прифатат европскиот начин на живеење. – На мигрантите што не го прифаќаат европскиот начин на живеење, треба да им се каже: „Донесовте погрешна одлука“ – изјави Шојбле на […]

Трамп денеска ќе ја потпише забраната за влез на државјани од шест земји

март 6, 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја потпише ревидираната извршна уредба за забрана за влез во САД, од која ќе бидат изземени државјаните на Ирак. Ова го потврди советничката на Трамп, Келијан Конвеј. Според првата уредба што Трамп ја потпиша на 27 јануари, влез во САД на државјани на седум земји со мнозинско муслиманско население – Ирак, […]

Протести во САД за поддршка на муслиманите и на мигрантите

февруари 20, 2017

Во повеќе градови во САД се одржаа демонстрации во знак на поддршка на Американците со исламска вероисповед и против имиграционата политика на претседателот Доналд Трамп. Повеќе од илјада лица од различна вера вчера се собраа на Тајмс сквер во Њујорк, на протест под мотото „И јас сум муслиман“. Одредени учесници на протестот вееја американски знамиња, додека […]

Трудо: Бегалците се добредојдени во Канада

јануари 29, 2017

Канадскиот премиер Џастин Трудо им порача на жртвите на прогонот, тероризмот и војната дека се добредојдени во Канада. – Сите оние кои се протерани и бегаат од тероризам и војна, Канада ќе ги прифати без разлика на верата. Различноста е наша сила – напиша Трудо на „Твитер“ и на неговиот профил на „Фејсбук“ со хаштаг […]

Трамп потпиша указ со кој во САД се забранува влез на државјани од седум муслимански земји

јануари 28, 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се забранува влез на државјани од седум муслимански земји: Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен. При потпишувањето на указот, Трамп изјавил дека неговата администрација сака поригорозен надзор над бегалците и над посетителите од одредени земји за да се спречи терористички напад. Тој додаде дека САД […]

Олбрајт: Од солидарност ќе се декларирам муслиманка

јануари 26, 2017

Поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, на „Твитер“ напиша дека е подготвена да се декларира како муслиманка, изразувајќи солидарност кон припадниците на оваа религија во САД. Олбрајт пораснала како христијанка, а подоцна дошла до сознание дека потекнува од еврејско семејство. „Пораснав како католик, станав следбеничка на Епископалната црква, а подоцна дознав дека татко ми е […]

Светот е во хаос и треба да се ограничи влегувањето во Америка, рече Трамп

јануари 26, 2017

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговиот план да се ограничи влегувањето на луѓето од неколку муслимански земји е неопходен затоа што светот е во „целосен хаос“. Во интервју за „Еј-би-си њуз“, Трамп ги отфрли тврдењата дека тој план е „прогон на муслиманите“. – Тоа не е прогон на муслимани, туку на муслимански земји […]

Муслиманите денеска го слават празникот Курбан-бајрам

септември 11, 2016

Верниците од муслиманска вероисповед, во земјава и во светот, денеска го прославуваат големиот муслимански празник Курбан-бајрам. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах, муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Оние кои принеле курбан – жртва, од месото потоа раздаваат на сиромашните, соседите, роднините и […]

Почна аџилакот во Саудиска Арабија

септември 10, 2016

Околу eден и пол милион муслимански верници денеска го почнаа годинешниот аџилак во Саудиска Арабија. Аџиите, како што јавуваат светските медиуми, годинава ќе се соочат со засилени мерки на безбедност, кои вклучуваат построги прописи и носење нараквици со лични податоци. Станува збор за превентивни мерки за да се избегне евентуална несреќа, како онаа од минатата година, […]

Трамп: Ако станам претседател, нема да имам добри односи со британскиот премиер

мај 16, 2016

Кандидатот за претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп, изјави дека доколку победи, најверојатно нема да има добри односи со премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, бидејќи тој ја отфрлил неговата идеја за забрана за влез на муслимани во САД, нарекувајќи ја „глупа и погрешна“. Камерон го критикуваше Трамп во британскиот парламент поради неговиот став за […]

За десетици белгиски војници постои сомнеж дека се радикализирани муслимани

мај 14, 2016

Неколку десетици војници од белгиската армија се набљудувани од военото разузнавање затоа што за нив постои сомнеж дека се радикализирани муслимани, јавуваат белгиските медиуми, повикувајќи се на информации од министерот за одбрана, Стевен Вандепјут. Досега ниту еден војник не бил отстранет од служба поради радикален ислам. Локалните медиуми јавуваат и дека се спроведувале проверки во однесувањето на […]

Во Франција трипати повеќе напади на муслимани

мај 2, 2016

Бројот на нападите на муслимани во Франција се зголемил за трипати во 2015 година, кога џихадистите во таа земја изведоа два напади, соопшти државната комисија за човекови права. Минатата година е забележан пораст на бројот на пријави поради закани и расистички, антисемитистички и антимуслимански напади од 1.662 дела во 2014 година, на 2.034 во 2015 […]

Пакистанските талибанци не го признаваат Ал-Багдади за водач на муслиманите

декември 19, 2015

Пакистанските талибанци ги отфрлаат тврдењата на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади дека тој е водач на сите муслимани во светот. Тоа се наведува во соопштението на талибанците, до кое дојде „Ројтерс“. Претходно и авганистаските талибанци соопштија дека не го признаваат Ал-Багдади за водач, како реакција на тоа што неколку команданти од понизок ранг на […]

Мнозинството Американци се против предлогот на Трамп

декември 11, 2015

Стотина активисти протестираа пред хотелот на Доналд Трамп, претендент за републикански претседателски кандидат, во центарот на Њујорк, изразувајќи несогласување со неговата изјава дека треба да им се забрани влез на муслимани во САД. Учесниците на демонстрациите во Њујорк рекоа дека тој со својата изјава само го зајакнал бранот на исламофобија. Повеќето Американци се против предлогот […]

Страна 1 од 2