fbpx

Времето е прекратко за одлука на Уставниот суд за иницијативата на ДУИ за Собранието

-

Премногу е краток рокот за да можат уставните судии да одлучат по иницијативата на ДУИ за оценување на одлуката за распуштање на Собранието, тврдат за „Мета“ извори од највисоката судска институција. Оттаму велат дека најкраткиот рок во кој Уставниот суд донел одлука бил оценката за уставноста за измените на Законот за помилување од 2009 година, со што се овозможи да се помилуваат лица осудувани и гонети за изборен криминал.

Ова оценување на Законот траело еден и пол месец.

Затоа судии од Уставниот суд се сомневаат дека може што било да се направи до 5 јуни, до кога би било пожелно да се има одлука, затоа што по овој датум правно неоснована би била и иницијативата. Тие велат дека по поднесувањето на барањето, треба да добијат одговор од Собранието на Република Македонија, уставните судии да напишат реферат, кој на седница ќе биде разгледан.

За сето тоа, велат судии од Уставниот суд, времето е прекратко.

Што се однесува на тоа дали Уставниот суд ќе прифати да ја оценува одлуката за распуштање на Собранието, експертите сметаат дека постојат две решенија.

Првото е судот, како и при претходната иста ваква иницијатива, од лидерот на ДС, Павле Трајанов, за распуштање на Собранието на 24 април, да ја прогласи за поединечен акт и да се прогласи за непогоден за оценување на уставно-судска одлука.

Вториот можен одговор би бил судиите да прифатат дека се работи за општ акт, затоа што како што тврдат експертите, од него, освен пратениците, засегнати се и граѓаните и потоа да се оценува уставноста.

Инаку, денеска ДУИ поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието, потврди портапаролот на партијата, Бујар Османи, за „Мета“.

Тие бараат Уставниот суд да ја оцени одлуката на Собранието за распуштање како неуставна, со што ќе му се овозможи на парламентот повторно да заседава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...