fbpx

„Протестирам“ најавува блокади, окупации и пеколно лето

-

„Шарената револуција“ и „Протестирам“ денеска во 18 часот од СЈО ќе им порачаат на политичарите „блокирам“, „окупирам“ и „го менувам системот“.

Од движењата велат дека по повеќе од една година протести, преговори меѓу партиските лидери и меѓународната заедница, државата стигнала до работ.

Според граѓанските активисти, оваа криза не се решава со преговори, затоа што, како што велат со криминалци не се преговара.

„Оваа криза се решава само и исклучиво на улица! Од оваа борба нема откажување! Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! Протестирам полека ќе станува блокирам, окупирам и секојдневно го менувам системот! Еднопартиски избори нема да дозволиме. Нема да им дозволиме ни да избегаат со украденото, а камо ли да останат во земјата и да не се соочат со правдата“, пишува во настанот организиран на „Фејсбук“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...