fbpx

Тачи и Роберт де Хроут во Тетово разговараа за политичката криза

-

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со делегација на Министерството за надворешни работи на Холандија, предводена од државен директор за европска соработка при холандското МНР, Роберт де Хроут.

На средбата се разговарало за политичката криза во земјата и за ставовите на ДПА како да се надмине оваа ситуација, како и други прашања од заеднички интерес.

„Тачи на состанокот ја образложи понудата на ДПА за излез од политичката криза и како да се забрза процесот на евроатлантските интеграции. Во овој контекст, Тачи истакна дека и покрај предизвиците со кои се соочува земјата, фокусирани се на евроатлантската агенда преку имплементација и реализација на реформите наметнати од страна на Европската комисија, вклучувајќи ги и меѓуетничките односи, како и нивно решавање во согласност со политиката на новиот договор кој го нуди ДПА, како единствен начин за излез од кризата и за подобра перспектива за земјата. Во таа насока, Тачи изјави дека споровите меѓу македонските партии се виртуелниот, а реалниот проблем на Македонија е спорот за името и меѓуетничките односи, односно правата на Албанците, така што без решавање на спорот за името и меѓуетничките односи целиот овој процес нема никаква смисла. Само со силна политичка волја и нов пристап може да се надмине актуелната политичка криза и да се спроведат неопходните реформи“, стои во соопштението од ДПА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателот Стево Пендаровски на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи...
Free Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes
free download udemy paid course
download xiomi firmware
Premium WordPress Themes Download
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=