fbpx
Таг: Собрание

таг: Собрание

Субвенционираниот студентски оброк ќе се исплаќа како минатата година, системското решение ќе почека

Преодното решение за исплата на субвенционираниот студентски оброк што важеше минатата година ќе се примени и на почетокот од академската 2022/2023. Тоа значи дека студентите и понатаму средствата за оброк ќе ги добиваат на своите трансакциски сметки на месечно ниво, наместо секојдневно да плаќаат кај угостители преку специјализирана картичка или мобилна апликација, како што беше предвидено. Системското решение за исплата...

СДСМ бара законски партиите да се дистанцираат од фашизмот и нацизмот

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески и пратеничката Соња Мираковска до Собранието предложија измени и дополнувања на Законот за политичките партии, со предлог да се зголеми транспарентноста и дистанцирање од фашизмот, нацизмот и национал-социјализмот. Во предложениот текст е наведено дека со предлог-законот ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе одлучува дали се врши дискриминација на лицата со посебни потреби во Канцеларијата во Карпош

По објавувањето на истражувачката сторија на Порталб.мк , Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе го разгледа барањето за да се утврди дали во Канцеларијата за контакт на граѓаните со пратениците на Собранието на РСМ во Карпош се врши дискриминација на лицата со посебни потреби. Порталб.мк посети неколку од канцелариите каде што граѓаните можат да комуницираат со нивниот локален...

Канцелариите на пратениците за комуникација со граѓаните затворени кога треба да работат

Граѓаните треба да ги бараат насекаде вработените во Канцелариите за контакт со граѓаните, кои се ангажирани на одредено работно време, за да обезбедат комуникација меѓу пратениците и граѓаните. Порталб.мк посети 4 канцеларии на различни локации, и тоа во Тетово, Чаир, Карпош и Шуто Оризари за да се види одблиску како функционираат. Според она што го видовме на терен, наведените...

Црногорскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на Дритан Абазовиќ

Падна владата на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, откако ноќеска Собранието на Црна Гора ѝ изгласа недоверба по 12-часовна расправа, пренесоа црногорските медуми. За недоверба на владата гласаа 50 пратеници од вкупно 81, меѓу кои пратениците на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ, Демократската партија на Црна Гора на Алекса Бечиќ, Социјалдемократската партија, Социјалдемократите, Бошњачката партија, Демократскиот сојуз на Албанците...

Маричиќ: Скринингот на ЕУ е две години, има време за уставните измени и за менување на учебниците

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција рече дека на државните институции во Македонија и Бугарија ќе им треба две години координација за обострано, врз принципот на реципроцитет, да ги имплементираат препораките на мешовитата Комисија за историски прашања. Заедничката историска комисија во понеделникот преку Министерството за надворешни работи објави заедничка декларација за чествување на средновековните ликови Цар Самуил, свети...

Со огромно мнозинство Собранието го одобри приемот на Шведска и Финска во НАТО

Собранието на Северна Македонија на 82. собраниска седница денеска со огромно мнозинство ги ратификуваше протоколите за прием на Шведска и Финска во НАТО. Од регистрирани 120 пратеници, „За“ гласаа 103, вклучувајќи ги и најголем дел од пратениците на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, а „против“ гласале само двајцата пратеници на „Левица“. Како што покажуваат податоците на Собранието на Република...

Собраниската седница како трибина на фудбалски натпревар, дебатата е оневозможена

Продолжението на 81 седница на Собранието на која треба да се расправа за Информацијата на Владата за Европскиот предлог за почеток на преговорите за членство во ЕУ, најмалку наликува на плодна дебата меѓу пратениците. Всушност, денеска собраниската сала изгледа и звучи исто како трибина на фудбалски натпревар. Пратениците од опозиција не дозволуваат никој друг да зборува непречено освен тие...

ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да го врати предлогот назад до Владата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да ја врати во Владата информацијата за предлог преговарачката-рамка за членство на Македонија во ЕУ. Како што рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во информацијата не се содржел ниту еден документ. Според Мицевски, никаде во испратениот материјал ги нема Документот со заедничкиот став на ЕУ, Предлог-преговарачката...

Владата ја проследи предлог-преговарачката рамка до Собранието, ВМРО-ДПМНЕ бара консензус за заклучоците

Владата, на денешната 59 седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија. На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека ќе учествуваат во дебатата,...

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „пресекоа“: Од утре ќе вршат блокада на Собранието

Најавуваните закани на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира Собранието ако не се одговори на нејзините барања за преговори за предвремени избори од утре ќе станат реалност. Како што соопшти координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, денеска на координативна средба, на која присуствувал и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, е договорено од утре да се...

Контраспин: Кои закони се „исклучиво за подобрување на финансиската состојба на граѓаните“?

Криејќи се зад флоскулата дека исклучок од блокадата ќе бидат „законите во интерес на финансиската состојба и директна помош“, од една страна, ВМРО-ДПМНЕ остава простор за „преговори“ кога да крене рампа за некој закон, а кога не, а од друга, не кажуваат дека таа бројка на закони, де факто, е огромна. Стотици закони се од значење на директна финансиска...

Новиот Закон за инспекција во животната средина усвоен, треба да обезбеди поефикасни контроли на загадувачите

Законот за инспекциски надзор во животната средина, по неколку години доцнење, денеска, конечно беше усвоен од Собранието. Новиот закон, што го изработи Министерството за животна средина и просторно планирање, треба да обезбеди реформирање и подобра организација и соработка на инспекциските служби на централно и на локално ниво, што треба да резултира со подобра и поефикасна заштита на животната средина. Од...

Едногласно изгласан законот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари

Едногласно - со 90 гласови „за“ и ниту еден „против“ или воздржан, попладнево пратениците во Собранието ги изгласаа измените на Законот за минимална плата, со кои наместо 15.000 денари, минималната плата од април ќе изнесува 18.000 денари. Се очекува со новото законско решение поголема плата да добиваат околу 80.000 работници. Одлуката е донесена по три дена собраниска расправа, во која опозицијата...

Нова влада: Само четири министерки, ниту една жена Албанка на оваа функција

Само 20% од владините министри предводени од Димитар Ковачевски се жени, и тоа сите од СДСМ. Албанските партии не ѝ довериле министерска функција на ниту една жена. Од друга страна во Собранието околу 40 % од пратениците се жени. Северна Македонија од осамостојувањето никогаш немала жена премиер, претседател на државата или претседател на Собранието, пишува Порталб.мк. За време на предизборните...

Новиот состав на Владата денеска и утре пред пратениците во Собранието

Новиот состав на Владата, предложен од мандатарот Димитар Ковачевски, денеска и утре ќе се разгледува од пратениците во Собранието. Ковачевски на списокот за новиот владин кабинет има 21 министер, од кои на СДСМ и коалицијатата се 12, на ДУИ шест, а на Алтернатива тројца министри. Седницата започнува денеска во 11 часот, може да трае најмногу до утре на полноќ, а...

Вистиномер: Гаши не може да „пресуди“ дали Исмаили е чист како солза

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на изјавата на претседателот на „Алтернатива“, за поранешниот министер за култура, Хусни Исмаили: Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во телевизиско гостување на дневникот на ТВ Сител, даде недоследна изјава. На прашање на новинарот дали со кадри како поранешниот министер за култура, Хусни Исмаили, кого партијата го предложи за потпретседател на Собранието на РСМ,  а...

Вистиномер: Не е точно дека Левица не гласаше за недела неработен ден

Во продолжение пренесуваме текст на „Вистиномер“ кој ја анализира вистинитоста на изјавата на пратеничка од СДСМ во однос на гласањето за прогласување на недела за ден на неделен одмор: На 20.12.2021 Собранието со 62 гласа „за“ и ниту еден против го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор....

Шахпаска: Со Стратегијата за родова еднаквост до 2026 ќе овозможиме еднаква видливост на жените и мажите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на јавната дебата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите посочи дека целта на Стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 е да обезбеди потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на...

Шахпаска: Со Законот за недела неработен ден ги унапредуваме правата на работниците

Министерката за труд и социјална политика во денешното интервју за Утрински брифинг оцени дека со новото законско решение кое предвидува недела да биде ден за неделен одмор се унапредуваат работничките права, што е предуслов за мотивиран работник. Инаку, на вчерашната седница на Собранието, Законот за работни односи беше изгласан со 62 гласа „ЗА“ и еден против. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ...