fbpx
Таг: санкции

таг: санкции

ЕУ без нови санкции кон Русија

Лидерите на Европската унија на претстојниот самит во Брисел нема да разгледуваат нови санкции за Русија, соопшти шефот на летонската дипломатија, Едгарс Ринкевичс, чија земја претседава со ЕУ. Ринкевичс по дводневното заседавање на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел наведе дека се спроведуваат првите елементи од договорот од Минск и оти нема потреба од нови санкции. Претходно воведените санкции опфаќаат...

Русија најави контрамерки за санкциите на ЕУ

Москва „соодветно“ ќе одговори на новите санкции на ЕУ наметнати поради украинската криза, соопшти руското министерство за надворешни работи, додавајќи дека ваквите мерки нема да придонесат за решавање на судирите во Украина. Во соопштението на руското МНР, се наведува дека Москва е изненадена и збунета од воведувањето на новите санкции и оти тие се спротивни на здравиот разум. ЕУ минатата недела на...

Стапи на сила новата црна листа на ЕУ

Европска Унија на црната листа на санкционирани додаде 19 лица и девет организации поради „загрозените територијален интегритет, суверенитет и независност на Украина“. Меѓу оние на кои отсега им е забрането издавање виза и чиј имот на територијата на ЕУ е замрзнат, се најдоа и замениците на рускиот министер за одбрана, Аркадиј Бахин и Анатолиј Антонов, двајца претставници на Думата, познатиот пејач Јозеф Кобзон,...

ЕУ загуби 21 милијарда евра поради санкциите кон Русија

Европска Унија претрпе штета во вид на изгубен извоз од 21 милијарда евра поради санкциите што ги воведе Русија поради кризата во Украина, изјави шпанскиот министер за надворешни работи, Хосе Мануел Гарсија, кој вчера се состана со европските колеги во Брисел за да разговараат за понатамошните мерки, пренесе „Денар“. - Санкциите скапо нè чинеа, а ЕУ досега загуби 21 милијарда евра. Во...

Обама: Санкциите против Русија треба да останат на сила

Претседателот на САД, Барак Обама, денеска изјави дека со германската канцеларка Ангела Меркел се сложиле санкциите против Русија да останат на сила, нагласувајќи дека ако Русија продолжи со досегашниот курс, изолацијата против неа ќе биде зајакната. Обама на заедничка прес-конференција со Меркел рече дека руската агресија само го зајакнала меѓународното единство во обидот да се најде решение со Москва. Според американскиот...

ЕУ ги прошири санкциите кон Москва, но имплементацијата ќе почека

Европска Унија денеска најави нови санкции кон Русија и кон проруските сили, но го одложи нивното стапување на сила поради претстојните мировни преговори во Минск, закажани за среда, соопшти францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус. - Утврдените мерки со санкциите остануваат, но нивното имплементирање ќе зависи од резултатите на теренот. Ќе почекаме до следниот понеделник и ќе видиме како ќе помине...

ЕУ ги проширува санкциите кон Русија

Европска Унија ќе ги прошири санкциите кон Русија поради нејзината вмешаност во судирите на истокот на Украина. На листата ќе се најдат уште 19 лица и девет субјекти, соопштија денеска извори од Брисел. Меѓу 16 лица, кои ќе бидат погодени со санкциите, се наоѓаат и пет Руси, прецизираат изворите. Проширувањето на листата е одлучено на ниво на амбасадори на земјите-членки на ЕУ,...

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија до септември

Европска Унија синоќа, на вонредната седница на шефовите на дипломатии на 28 земји-членки, одлучи да ги продолжи до септември санкциите кон Русија, соопшти високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини. На гласањето за продолжување на санкциите, кои завршуваат во март годинава, му претходеше остра дебата меѓу повеќето земји-членки и малцинството предводено од Грција, кои се противеа на нивното продолжување. САД го поздравија продолжувањето на...

Вонреден состанок на шефовите на дипломатија на ЕУ за нови санкции кон Русија

Министрите за надворешни работи на 28 земји-членки на ЕУ, денеска во Брисел ќе разговараат за заострување на санкциите кон Русија поради поддршката на официјална Москва за проруските сили во Украина. На вонредниот состанок, се очекува новиот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, да се спротистави на воведување нови казнени мерки против Русија, имајќи предвид дека Грција се дистанцираше...

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции

Шефовите на држави и на влади на 27 земји-членки на ЕУ денеска најавија заострување на санкциите доколку Русија не ги осуди акциите на проруските сили и не почне да го применува договорот од Минск. „Воочивме докази за континуирана и сè поинтензивна руска поддршка на сепаратистите, што ја истакнува одговорноста на Русија“, стои во заедничкото соопштение, во кое се осудуваат артилериските напади...

Северна Кореја: Воведувањето санкции е контрапродуктивно

Севернокорејското министерство за надворешни работи соопшти дека воведувањето санкции од САД против Северна Кореја е контрапродуктивно и нема да предизвика слабеење на земјата. „Политиката на САД е насочена кон притисок и кон неосновано ширење негативни чувства кон Северна Кореја, а притоа само ја јакне нејзината решителност да го штити сопствениот суверенитет и достоинството на нацијата“, стои во соопштението. Американската администрација воведе...

Лавров: Западот не крие дека сака да го сврти рускиот народ против власта

Западот не крие дека целта на санкции против Русија е да се нанесе штета на економија и го сврти народот против власта, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Според рускиот министер, поводите за зајакнување на санкциите се бираат многу валкано, потсетувајќи дека пример за тоа се санкциите во јули, воведени поради падот на малезискиот боинг. - Не е во ред...

Русија ги оцени санкциите од САД како бескорисни

Русија ги оцени американските санкции како бескорисни и додава дека ќе возврати на мерките, но не прецизираше како. Москва во денешното соопштение вели дека ќе чека колку што е потребно САД да ѝ го признае историското право на полуостровот Крим, кој оваа година се отцепи од Украина и се припои кон Русија. Руското министерство за внатрешни работи денеска изрази жалење поради...

САД воведоа санкции против Крим

Соединетите Американски Држави воведоа економски бојкот и издадоа наредба за забрана за извоз на стоки, технологија или услуги во Крим. Претседателот на САД, Барак Обама, го овластил Министерството за финансии за воведување санкции против поединци и компании што работат во регионот. Тој ја повика Русија да ја прекине окупацијата и анексијата на Крим и да престане да дава поддршка на сепаратистите...

Лавров: Новиот закон за санкции на САД ги влошува односите со Русија

Новиот закон на САД, кој предвидува дополнителни санкции кон Русија поради украинската криза, би можел долгорочно да ги влоши односите меѓу Вашингтон и Москва, изјави денеска рускиот министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров. Шефот на руската дипломатија, во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Џон Кери, истакна дека воведувањето нови санкции на подолг рок би можело да ја загрози шансата...

Путин: Западот сака да ја окова „руската мечка“

Западот сака да ја окова „руската мечка“, да ѝ ги извади забите и да ја препарира, предупреди денеска рускиот претседател Владимир Путин на конференцијата со новинарите, додавајќи дека антируските санкции се цената на независноста. Путин употреби живописна метафора за Русија, нарекувајќи ја„окована мечка“ додека одговараше на прашањето дали верува дека проблемите на руската економијас е вратка за анексијата на Крим. - Не...

ЕУ ќе забрани инвестирање на Крим

Европска Унија ќе ги забрани сите инвестиции на Крим за да го зголеми притисокот врз официјална Москва и да покаже оти прашањето не е заборавено, јавуваат светските агенции. - Извозот на европска стока и производи што се користат во транспортот, телекомуникациите, енергетскиот, нафтениот и во гасниот сектор на Крим ќе бидат запрени, а ќе биде забрането и учеството на европските компании...

Обама ќе потпише закон за нови санкции кон Русија

Претседателот на САД, Барак Обама, ќе потпише закон со кој се воведуваат дополнителни санкции кон Русија, а тој ќе добие овластување да испрати воена помош во Украина. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, истакна дека Обама и понатаму е воздржан во врска со документот, но верува дека тој ќе ја понуди флексибилноста што му е потребна. Обама треба неделава да го потпише...

Путин: Западот сака да го спроведе „југословенското сценарио“ во Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги предупреди Русите дека доаѓаат тешки времиња и побара поголема поддршка од народот. Во обраќањето пред двата дома во Кремљ, Путин го обвини Западот дека се обидува да постави нова „железна завеса“ околу Русија. Русија претрпе силен економски удар поради падот на цената на нафтата и санкциите што Западот ги воведе поради улогата на официјална Москва во...

Путин: Западот применува јазик на сила бидејќи се плаши од Русија

Санкциите што Западот ги наметна кон Русија, како и намалувањето на цената на нафтата која ја намали вредноста на руската рубља, се направени за да се запре растечкиот потенцијал на Русија, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин во годишното обраќање пред Федералното собрание. - Секојпат кога ќе видат дека Русија станува премногу силна, тие ги користат овие инструменти. Бесполезно е да се...

Гласањето е мирно и без проблеми, МВР не регистрира посериозни нарушувања на редот и мирот

Министерството за внатрешни работи не регистрирало посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето за парламентарните и претседателските избори денеска. Како што информира портпаролот на МВР...