Соединетите Американски Држави воведоа економски бојкот и издадоа наредба за забрана за извоз на стоки, технологија или услуги во Крим. Претседателот на САД, Барак Обама, го овластил Министерството за финансии за воведување санкции против поединци и компании што работат во регионот. Тој ја повика Русија да ја прекине окупацијата и анексијата на Крим и да престане да дава поддршка на сепаратистите на истокот во Украина.
И Канада вчеравечер воведе нови санкции за Москва, а истото го направи и Европска Унија.