fbpx

Путин: Западот сака да ја окова „руската мечка“

-

Западот сака да ја окова „руската мечка“, да ѝ ги извади забите и да ја препарира, предупреди денеска рускиот претседател Владимир Путин на конференцијата со новинарите, додавајќи дека антируските санкции се цената на независноста.

Путин употреби живописна метафора за Русија, нарекувајќи ја„окована мечка“ додека одговараше на прашањето дали верува дека проблемите на руската економијас е вратка за анексијата на Крим.

– Не е вратка за Крим. Тоа е цената за нашата природна желба да ја зачуваме Русија како нација, цивилизација и држава – рече Путин.

Рускиот лидер, исто така, рече дека и во случај „руската мечка“ да почне да „седи мирно… да јаде бобинки и мед“, тоа нема да го запре притисокот врз земјата.

– Тие нема да нè остават на мир. Тие постојано ќе сакаат да нè стават во окови. А откако ќе нè оковат, ќе ни ги извадат забите и канџите. Откако ќе се случи тоа, никому нема да му биде потребна. Ќе ја препарираат – рече Путин.
Рускиот претседател истакна дена Русија ги штити своите национални интереси, но дека политички не го напаѓа Западот.

– Ние не напаѓаме никого во политичка смисла. Ние само ги браниме нашите интереси. Оттука доаѓа незадоволството на нашите западни партнери, особено на САД – рече Путин, додавајќи дека руските акции, кои Западот ги опишува како агресивни, се одговор на тоа што западните нации го прават.

Претседателот на Русија истакна дека официјална Москва уште во 90-тите години на минатиот век престанала да го користи воените бомбардери со долг дострел, кои ги користеше Советскиот Сојуз.

– Американските стратегиски бомбардери со нуклеарно оружје сè уште летаат. Зошто? Против кого? Кој е заканата? – рече Путин.

Рускиот претседателот истакна дека, за разлика од САД, кои имаат десетина воени бази во светот, Русија поседува само две и тоа на места кои претставуваат директна закана за руската национална безбедност, Киргистан и Таџикистан.
Остриот пад на цената на нафтата, која од летово падна за 40 отсто, можеби е последица на желбите на САД и на другите големи извозници на нафта, на кои тоа им одговара, смета Путин.

– Сите сме сведоци на падот на цената на овој енергент. Постојат различи муабети зошто тоа се случува. Можеби станува збор за заговор на Саудиска Арабија и на САД да го казнат Иран или влијанието на економијата на Русија, Венецуела и слично. Можеби е така, а можеби и не е – рече Путин.

Доколку цената остане толку ниска уште долго време, компаниите ќе престанат да инвестираат во постојните и во новите нафтени полиња, смета Путин, додавајќи дека тоа како бумеранг ќе им се врати и на развиените индустриски земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...