fbpx

Обама ќе потпише закон за нови санкции кон Русија

-

Претседателот на САД, Барак Обама, ќе потпише закон со кој се воведуваат дополнителни санкции кон Русија, а тој ќе добие овластување да испрати воена помош во Украина.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, истакна дека Обама и понатаму е воздржан во врска со документот, но верува дека тој ќе ја понуди флексибилноста што му е потребна.

Обама треба неделава да го потпише законот, со што тој ќе стапи на сила. Со тоа особено ќе биде погоден рускиот воен и енергетски сектор, затоа што овозможува воведување санкции кон големите руски компании, меѓу кои се и „Гаспром“ и „Рособоронекспорт“.

Со новиот закон, американскиот претседател се овластува да ѝ испрати на Украина оружје и воена опрема, вклучувајќи и антитенковско вооружување и муниција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...