fbpx

Путин: Западот применува јазик на сила бидејќи се плаши од Русија

-

Санкциите што Западот ги наметна кон Русија, како и намалувањето на цената на нафтата која ја намали вредноста на руската рубља, се направени за да се запре растечкиот потенцијал на Русија, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин во годишното обраќање пред Федералното собрание.

– Секојпат кога ќе видат дека Русија станува премногу силна, тие ги користат овие инструменти. Бесполезно е да се зборува со Русија, користејќи го јазикот на сила – рече Путин.

Од почетокот на годинава, рубљата изгуби 40 отсто од вредноста во споредба со главните валути, а и цената на нафтата, која на почетокот на годината изнесуваше 115 долари за еден барел, поевтини за исто толку проценти.

Рускиот лидер, исто така, се осврна и кон НАТО-одбраната. Според Путин, понатамошното распоредување на глобалната антибалистичка ракетна одбрана претставува закана за САД и за европските земји во кои е распоредена, бидејќи создава опасна илузија на непобедливост.

– Овој систем претставува закана за безбедноста не само на Русија, туку за целиот свет, во поглед на можна дестабилизација на стратегискиот баланс на сили. Сметам дека тоа е опасно и за самите САД, бидејќи создава илузија на неранливост и ја зајакнува тенденцијата за едностраност и за често носење лоши и особено ризични одлуки – рече Путин.

Русија нема да се вклучи во скапата трка на вооружување, рече рускиот претседател, но додаде дека одбранбениот капацитет на земјата во новите услови ќе биде безбедно загарантиран.

– Бесмислено е да се разговара со Русија од позиција на сила. Одбранбената политика кон Русија не е ништо ново. Одбранбената политика не е измислена вчера, со децении и со векови е спроведувана кон нашата земја –  рече Путин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...