fbpx
Таг: пукање

таг: пукање

Во престрелка во ноќен клуб во Либан, загинаа осум лица

Во размена на оган во ноќен клуб во либанскиот град Џуније, загинале осум лица, меѓу кои двајца припадници на либанската агенција за воено разузнавање. Во инциденот во клубот Џуније, северно од Бејрут, повредени се уште четворица разузнавачи. Меѓу загинатите се и две жени и двајца членови на семејството Зојатер, познато по трговијата со дрога.

Пукање пред резиденцијата на Ердоган

Момче денеска стрелало врз полицијата пред резиденцијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потоа се самозастрелало во главата, јавуваат турските медиуми. Агенцијата „Анадолија“ јавува дека 20-годишникот се расправал со полицијата пред резиденцијата во Истанбул, а потоа успеал на еден од стражарите да му го одземе пиштолот и да отвори оган врз полицијата, а потоа да си пука в глава. Агенцијата „Доган“ навела...

Жители на Патишка Река се тепале за огревни дрва, еден пукал со пушка во воздух

Синоќа, околу 23.30 часот, во атарот на скопското село Патишка Река, настанала расправија, а потоа и тепачка меѓу две групи селани поради огревни дрва. Според полициските информации, еден од учесниците во тепачката пукал со ловечка пушка во воздух, а со кундакот удрил в лице еден од соселаните. По интервенцијата, полицијата ги привела учесниците во тепачката, меѓу кои и З.М. (58), осомничен...

Убиен мигрант на бугарско-турската граница

Маж кој патувал со голема група бегалци од Авганистан загинал, кога граничарите во близина на југоисточниот бугарски град Средец отвориле предупредувачки оган, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Бугарија. - Нашата гранична патрола и полиција налетала на околу 50 престапници, кои незаконски влегле во нашата земја – рече Георги Костов, генерален секретар на министерството за внатрешни работи за државното...

Идентификуван напаѓачот кој уби едно и рани три лица на колеџ во Аризона

Властите на сојузната американска држава Аризона соопштија дека вооружениот напаѓач кој денеска уби едно и рани уште три лица на Универзитетот „Северна Аризона“ во Флагстаф е идентификуван како Стивен Џонс, 18-годишен бруцош на Универзитетот, јавуваат медиумите во САД. Според информациите, Џонс извадил пиштол по расправија со неколку студенти на паркиралиште во кампусот и почнал да пука. Тројцата ранети студенти, со...

Разбојникот од банката во Влае осомничен за три кривични дела

Скопската полиција до Основното јавно обвинителство поднела пријава за три кривични дела против 43-годишниот А.М., кој вчера попладне ограби експозитура на Стопанска банка во населбата Влае, но, кратко по разбојништвото беше пресретнат и совладан од полицијата. Како што соопштуваат од МВР, против скопјанецот е поднесена кривична пријава, со која тој се товари за разбојништво, напад врз службено лице при вршење...

Еден загинат при пукање на колеџ во Северна Аризона

Најмалку едно лице загина во пукање кое се случило во кампусот на Универзитетот на Северна Аризона, по што полицијата го уапсила напаѓачот. Како што е неведено од Универзитетот, потврдена е смртта на едно лице, три се ранети, а осомничениот за вооружениеот напад е задржан во притвор. Засега не е познато како дошло до инцидентот, полицијата почна истрага, а на сите студенти...

Масакрот во Орегон почнал на час, убиецот бил студент на колеџот

Полицијата соопшти дека Крис Харпер Мерсер бил студент на колеџот „Ампукуа“ и дека бил запишан на листата на присутни студенти во училницата каде што почнал крвавиот напад. 26-годишникот уби најмалку 13 лица, а рани повеќе од 20 во северозападниот дел на Орегон, по што беше убиен во престрелката со полицијата. - Мерсер бил на листата на присутни студнти во училницата во...

Двајца мртви по пукање во Сиднеј, во тек полициска операција

Две лица наводно се убиени во пукање пред седиштето на полицијата во Сиднеј, Австралија, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаите на австралиските медиуми. Според изјави на очевидци, на улицата пред станицата, во бизнис-областа Парамата, биле забележани две мртви тела покриени со чаршафи. Полицијата сè уште не го потврдила случајот и смртта на двете лица, но сооптштила дека во тек е полициска...

Убиен напаѓачот во колеџот во Орегон

Вооружениот напаѓач, кој синоќа во колеџ во северозападниот дел на Орегон отвори оган и усмрти девет и рани седум лица, е убиен во престрелката со полицијата, соопштија американските власти, по првите противречни извештаи за бројот на жртвите. Првичните информации говореа за 13 убиени и за 20 ранети. Нападот се случи во колеџот „Ампукуа“, во местото Роузбург, кое се наоѓа на околу 300 километри...

Пукале во автомобил, а потоа на возачот му нанеле тешки телесни повреди

На 18 септември 2015 година, во 19.30 часот, во Скопје, на локалниот пат помеѓу селата Свиларе и Рашче, додека се движел со својот автомобил, Г.С. бил пресретнат од две засега непознати маскирани лица, кои со неколку проектили од автоматско оружје го погодиле возилото. Потоа пришле кон возилото и со тврд предмет му нанеле телесна повреда во пределот на главата. На Г.С. му била...

Албански државјанин и жител на Радолишта осомничени за обид за убиство

Струшката полиција поднела кривична пријава против албанскиот државјанин Г.Б. (22) и Д.З. (39) од селото Радолишта, кои се осомничени дека на средината од декември минатата година со неколку истрели од огнено оружје се обиделе да го убијат А.С. (36) од селото Велешта. Според полицијата, осомничените на 16 декември, околу полноќ, со возило, марка „ровер“, што го управувал Д.З., пристигнале пред домот на...

Пукање пред американскиот конзулат во Истанбул

Двајца вооружени напаѓачи отвориле оган пред американскиот конзулат во Истанбул, а потоа побегнале, по што полицијата возвратила на пукањето, јави турски „Си-Ен-Ен“. Според новинската агенција „Цихан“, напаѓачи биле еден маж и една жена. Според досегашните информации, во нападот нема загинати, ниту повредени. Турција од минатиот месец е во состојба на зголемена готовност, кога почна „синхронизирана војна против тероризмот“, која опфаќа воздушни...

Пукано од возило на раскрсница во Ченто

Непознато лице завчера на раскрсница во скопската населба Ченто, од возило истрелало неколку куршуми, од кои дел завршиле во автомобилот на 24-годишен жител на селото Стајковци. Според полициските информации, инцидентот се случил во саботата, околу 22 часот, на раскрсницата од улицата Методија Андонов Ченто и улицата Маџари. Во моментот кога Б.И. (24) со своето возило застанал на семафорите од раскрсницата,...

Авганистан: 21 загинат на свадба

Најмалку 21 лице загинаа, а 10 се ранети во огнена пресметка на една свадба во Авганистан, соопшти гувернерот на провинцијата Баглан, Џавид Башарат. Пресметката избила доцна синоќа, меѓу две групи гости на венчавка во областа Андараб. Повеќето од убиените се сватови на старост од 14 до 60 години, додаде Башарат. Шефот на полицијата Андараб, Гулистан Казани, рече дека непријателството на двете групи...

САД: Тројца убиени во напад во кино

Вооружено лице синоќа отвори оган во кино во американската држава Луизијана и уби две лица, а рани најмалку седум, пред да се застрела и да се убие себеси, соопштија денеска американските власти. Полицијата го знае идентитетот на напаѓачот, но засега не го открива. Телото на напаѓачот долго време било во просториите на киното, поради потребите на истрагата. Полициски извори наведуваат дека...

Пукано во автомобил во движење кај Сингелиќ

Вчера, околу 22.40 часот, на патот кон селото Сингелиќ, Н.И. (25) додека се движел со возило, од страна на непознато лице биле истрелани неколку куршуми од огнено оружје, кои го оштетиле возилото. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Германија: Двајца убиени од возило во движење

Два лица се убиени откако непознато лице отворило оган од возило во движење во германскиот град Ансбах, јавуваат локалните медиуми. Напаѓачот убил 82-годишна жена, а потоа во непосредна близина убил и велосипедист. Полицијата соопшти дека напаѓачот побегнал, но подоцна бил уапсен на бензинска пумпа, каде вработените го совладале и со го врзале со кабел. Пумпата веднаш била евакуирана, а полицијата го претресла...

Пукање во седиштето на американската морнарица

Американската морнарица објави дека нејзиното седиште во Вашингтон е затворено поради престрелка, јавуваат американските медиуми. Голем број полицајци и припадници на безбедносните служби реагирале на повикот од седиштето, а улиците во југоисточниот дел на градот се блокирани. Портпаролот на морнарицата, Педро Родригез, не соопшти детали за настанот, но според неофицијални извори, две вооружени лица отвориле оган во седиштето. Полицијата сè уште ги...

Од автомобил во движење пукано во куќа на арачиновец

Ноќеска, околу 2 часот по полноќ, неколкумина напаѓачи од автомобил во движење истрелале повеќе куршуми од автоматско оружје во куќата на А.И. од скопското село Арачиново, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, од истрелите биле оштетени повеќе прозорски стакла и фасадата на куќата. Полициски екипи извршиле увид на местото, од кое подигнале околу 40 чаури, кои се дадени за вештачење. Полицијата засега...