fbpx
Таг: пукање

таг: пукање

На забава во Детроит загинало едно, а повредени се девет лица

Едно лице загинало, а девет се повредени на забава која била организирана на кошаркарски терен во Детроит, на која присуствувале многу деца. Полицијата соопштила дека по пукањето една личност се наоѓа во критична состојба, другите се полесно повредени и дека се врши потрага по осомничените. Според наводите на помошникот на шефот на полицијата, Стив Долунт, на забавата присуствувале многу деца, но...

Тројца мажи убиени во Тирана

Во престрелка со огнено оружје во центарот на Тирана, убиени се тројца мажи. Пукањето се случило ввчеравечер, на централниот булевар Зога и Пара. Било стрелано од автоматска пушка врз џип „туарег“, во којшто биле тројца мажи. Еден од нив бил убиен на самото место, додека другите двајца се ранети при обид да побегнат со возилото, а починале на пат кон болница. Полицијата во Тирана уапсила...

Седум војници загинаа во пукање во касарна во Тунис

Во воена база во главниот град на Тунис, еден војник отворил оган на своите колеги при што убил седум војници, а потоа се самоубил, соопшти портпаролот на туниската армија. Во пукањето повредени се уште 10 луѓе. Засега не е познато што го навело војникот да пука. Заради пукањето во базата Бушиш, евакуирано е едно училиште кое се наоѓало во близина. Воените сили на...

На Косово пукано во автомобил со чешки полицајци

Чешката полиција денеска соопшти дека во текот на викендот непознати луѓе на северот на Косово пукале на автомобили во кои имало чешки и германски полицајци и дека сè завршило без ниеден повреден и само со скршени ветробрани. Непознатите напаѓачи во неделата попладне отвориле оган на два автомобили на ЕУЛЕКС во кои имало четворица чешки и еден германски полицаец и еден прведувач. - Двата...

Хрватски експерти: Владата не одговори на најважните прашања за Куманово

Во Македонија постои континуитет на кризни ситуации во кои, од една страна, постепено дошло до зајакнување на авторитарната власт, но, од друга страна, цивилната сцена е пообединета од кога и да е, оценуваат хрватски експерти за ХРТ. Експертот за безбедносни прашања Влатко Цвртила вели дека настаните во Македонија на почетокот ѝ одговараа на владејачката гарнитурата затоа што го одвлекуваа вниманието од...

Крвавите судири во Куманово ги заинтересираа светските медиуми

„Македонската полицијата во смртоносни судири со вооружена група“, „Снајперски оган, експлозии: Пет македонски полицијаци се убиени при судир во албанска област“, „Пет полицајци се убиени во престрелка со вооружена група во Македонија“, „Македонската полиција го опколи Куманово по смртносните судири“, „ОНА ја заплаши Македонија со нови вооружени судири“ се само дел од насловите што регионалните и светските медиуми ги објавуваат...

„Не бегав ни во 2001 година, нема ни сега“, сведочи за „Мета“ очевидец на настаните во Куманово

„Мета“ разговараше со жител на населбата Серава, кој живее на неколку стотини метри од т.н. Диво Насеље и чиј прозорец гледа директно на населбата. Тој вели дека сега е мирно и пукање нема веќе три часа. Утрово околу 7 часот биле разбудени од силни пукања, кои траеле интензивно, а потоа и спорадично. - Сега е мирно, нема никакви истрели. Мислам дека заканата е елиминирана и...

ДУИ: Граѓаните да останат мирни и да не подлегнуваат на дезинформации

Од Демократската унија за интеграција велат дека со голема загриженост ги следат денешните случувања во Куманово и апелираат до граѓаните за ладнокрвност и да не подлегнуваат на какви било провокации. „Демократската унија за интегрaција смета дека денешните настани во Куманово, но и тие претходните во Гошинце и експлозијата пред седиштето на ДУИ, како и други, се дејства што се во...

Обама: Ниеден акт на изразување не оправдува насилство

Ставот на американскиот претседател Барак Обама по повод пукањето во Далас во неделата навечер е дека ниту еден акт на изразување не оправдува насилство, соопшти портпаролот на Белата куќа. Наведувајќи дека екстремистите се обидуваат да го искористат изразувањето кое го сметаат за навредливо како нешто што го оправдува насилството во светот, портпаролот Џош Ернест истакна дека „ниеден чин на изразување, дури и...

Пукање на изложба на карикатури во Далас

Двајца вооружени мажи синоќа отвориле оган во Далас, Тексас, каде се одржувала изложба на карикатури на пророкот Мухамед, по што полицијата набргу ги убила напаѓачите, велат официјални извори. Двајца мажи се приближиле со автомобил до центарот „Куртис Кулвел“, каде завршил натпреварот на карикатури и отвориле оган на лицето задолжено за безбедноста, се наведува во соопштението на градоначалникот на далаското предградие...

Жител на Велешта ранет во престрелка во Струга

А.Н. (53) од струшкото село Велешта добил повреди во градниот кош, по што е пренесен во Општата болница во Струга, а потоа, поради сериозноста на повредите, префрлен е во Ургентен центар во Скопје, информираше полицијата откако денеска во Струга едно лице беше повредено со огнено оружје, пиштол, во спорскатата обложувалница „Спортлајф“. Настанот се случил денеска во 12.40 часот, на улицата Маршал...

Едно лице рането во вооружен инцидент во Струга

Едно лице е рането во вооружен инцидент, кој денеска, околу 12.30 часот, се случил во центарот на Струга, јавува порталот „Охрид прес“. Според првичните неофицијални информации, пукањето се случило поради недоразбирање меѓу неколку лица, во спортска обложувалница во близина на хотелот „Београд“. Во инцидентот еден од вработените е нападнат и со огнено оружје му била нанесена повреда. Повредениот итно бил пренесен во...

Двајца загинати во престрелка во Истанбул

Две лица загинаа, а пет се повредени при престрелка во добротворна организација во Истанбул. Како што јавуваат турските медиуми, непознати лица упаднале во објектот и отвориле оган. Вработените возвратиле, при што во престрелката се повредени седум лица. Полицијата приведе 24 лица поврзани со инцидентот, кој избил поради нетрпение меѓу членови на добротворната организација и напаѓачите.

Полицијата трага по вториот осомничен за пукањето во Тетово

Полицијата трага по уште едно лице за кое се сомнева дека учествувало во вооружената пресметка во Тетово, во која почина 22-годишниот  А.А., а повредени беа 11 лица. Шест лица на возраст од 20 до 25 години добија потешки повреди и се хоспитализирани во Скопје. Четири други лица се со телесни повреди и ним им е укажана помош во болницата во Тетово. Полицијата...

Пукање во суд во Милано, убиени судијата и сведокот

Најмалку две лица се убиени, вклучувајќи еден судија, откако вооружено лице отвори оган во Палатата на правдата во Милано, соопштија властите, додавајќи дека осомничениот сè уште е на слобода. Како што јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, напаѓачот, наводно, е обвинет во случај за банкрот. Според обвинителите, напаѓачот убил две лица, а едно ранил. Осомничениот, идентификуван како Клаудио...

Пукотници со пиштол и повредени млади лица во кафе-бар во Охрид

Неколку лица се повредени во пукотници во Охрид, ноќеска по полноќ. Во немилиот настан учествувала група од пет до шест млади лица од Охрид, кои се приведени многу бргу по пукањето, дознава „Мета“ од извори на истрагата. Во пукањето имало повредени, кои се згрижени на лекување во Општатата болница во Охрид. Нема информации за тешки повреди, ниту за починати. На пукањето...

Копенхаген: Тројца повредени при напад на синагога

Три лица се повредени при синоќешниот напад на синагога во центарот на данскиот главен град Копенхаген. Како што јавуваат данските медиуми, еден од повредените е цивил, кој е застрелан во пределот на главата, додека останатите двајца се полицајци. Повредените се надвор од животна опасност. Нападот на синагогата следеше по пукањето за време на собирот на карикатуристите во Копенхаген, при што едно...

Копенхаген: Еден убиен и тројца повредени на собир на карикатуристи

Едно лице загина, а тројца полицајци се повредени во пукотница во кафуле во Копенхаген, каде се одржувала дебата за слободата на говорот, карикатурите и за исламот. Како што јавуваат данските медиуми, напаѓачите, за кои се претпоставува дека биле двајца, отвориле оган од автоматско оружје во моментот кога францускиот амбасадор Фрацис Зимера го завршил говорот. Се претпоставува дека мета бил организаторот...

Пукотница во Копенхаген, четири лица се повредени

Четири лица се повредени во престрелка во данскиот главен град Копенхаген. Напаѓачите истрелале меѓу 20 и 40 куршуми во близина на сала во која карикатуристи расправаат за слободата на говорот и за исламот. Како што јавуваат данските медиуми, тројца од повредените се полицајци, а еден е учесник на собирот. Се претпоставува дека мета бил карикатуристот Ларс Вилкс, кој го има нацртано...

Полициска акција по пукањето во Марсеј

Во Марсеј попладнево била спроведена полициска акција откако имаше пукања со пушки калашников во една од проблематичните населби, соопштија француските власти, кои додаваат дека во акцијата немало жртви. Нападот и полициската акција се случуваа неколку часа пред доаѓањето во Марсеј на францускиот премиер Мануел Валс. Освен премиерот, во посета на градот се и министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев, и министерот за образование, Нажа Вало-Беласкем. Специјалните...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...