fbpx

Копенхаген: Еден убиен и тројца повредени на собир на карикатуристи

-

Едно лице загина, а тројца полицајци се повредени во пукотница во кафуле во Копенхаген, каде се одржувала дебата за слободата на говорот, карикатурите и за исламот.

Како што јавуваат данските медиуми, напаѓачите, за кои се претпоставува дека биле двајца, отвориле оган од автоматско оружје во моментот кога францускиот амбасадор Фрацис Зимера го завршил говорот. Се претпоставува дека мета бил организаторот на настанот, карикатуристот Ларс Вилкс, познат по карикатурите на пророкот Мухамед.

Како што јавува телевизијата „ТВ2“, напаѓачите, облечени во црно, успеале да побегнат од местото на злосторот, со помош на возило марка „фолксваген поло“.

Францускиот амбасадор и Вилкс, не се повредени.

Полицијата засега не открива детали за инцидентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...